
На 78 самохрани родители во Куманово ќе им бидат доделени субвенции
Во семејства во кои едниот родител е починат, во случаи каде татковското не е признаено, лица кои се сами како ученици и студенти ќе добиваат по 1200 денари субвенции наменети за комунали. Во овие групи не влегуваат семејства на разведени родители кои добиваат алиментација.
На 24ти Септември на 78 самохрани родители им беа врачени решенија со субвенции. Дел од субвенциите односно 900 денари се наменети за плаќање на вода а 300 денари за ѓубрарина. Овие субвенции ќе ги добиваат на месечно ниво.
За овие субвенции од буџетот за период од една година ќе бидат одвоени 374.000 денари.