ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  На кои мајки им е најтешко – со две, три, четири деца?
    На кои мајки им е најтешко – со две

    На кои мајки им е најтешко – со две, три, четири деца?

    “Today Parent” спроведе истражување во кое учествуваа повеќе од 7.000 жени.

    Истражувањето покажа дека најтешко им е на жените со три деца. Таквите неочекувани резултати беа засновани на нивото на анксиозност. Во просек, на скалата од  1 до 10, нивото на стрес кај испитаните мајки е 8.5. Жените се нервозни во многу ситуации: грижата за семејниот буџет и трошоците, правењето баланс помеѓу семејството и работата, децата и мажот – кој жените често го доживуваат како најстаро дете на кое му е потребна нега.

    46% од испитаните мајки признаа дека брачните другари им предизвикуваат повеќе стрес од самите деца. 72% паѓаат во очај поради тоа како тешкиот семеен живот влијае на нивните нерви, 75% од учесничките ги убива сопствената желба за совршенство, желбата да бидат идеални мајки во очите на другите мајки, 60% се стално вознемирени затоа што немаат време, 90% се под стрес поради фактот дека не се доволно спортски активни.

    Сите овие причини ги мачат жените со доаѓање на првото, а потоа и на второто дете, но го достигнуваат врвот кога мајката повторно ќе остане бремена. Овие жени признаваат дека се на работ на нервен слом. Ова може да изгледа неверојатно, но со доаѓање на четвртото дете на мајките им станува многу полесно.

    Кога ќе се роди второто дете во нашиот семеен живот не се случува ништо посебно, но преминот од две кон три става се наопаку – потврдија резултатите од истражувањето на креаторот на популарниот американски сајт за родители.

    “Јас некако не можев да ги контролирам сите нив…физичката неможност да прејдам преку улица и сите да ги држам за рака ме излудуваше”.

    Спрема зборовите на Џенет Тејлор, психијатар од Њујорк, проблемите на стресот кај мајката лежат во она што се случува во секојдневниот живот.

    Мајките завршуваат со фактот дека физички немаат време да ги обезбедат своите потреби: не се работи за одењето во теретана или на козметичар. Некои жени понекогаш немаат време ни за одењето под туш. Затоа е многу важно да имате најмалку неколку минути за себе во текот на денот.