Најдобар начин да подготвите цвекло
Најдобар начин да се подготви цвекло за бебиња е да се пече во рерна или да вари на пареа. Готвењето на пареа е најдобриот начин за витамин А и бета каротен да станат био-достапни со што организмот ги искористи подобро.
За полесно варење потребно е цвеклото прво да се излупи и исечка на помали парчиња.
Рецепти за каши со цвекло
Потребно
Свежо цвекло(количина по желба и возраст на бебето)
Подготовка
Измијте го и исечете го цвеклото на помали парчиња. Варете го на пареа или во вода додека не омекне. Не користете ја водата од варењето за кашичката бидејќи нитратите можат да останат во неа. Цвеклото испасирајте го, а потоа додадете обична вода за да постигнете мазна текстура.
Црвени компири
Потребно:
100гр сварено испасирано цвекло
200 гр компири сецкани сварени
Подготовка
Помешајте го цвеклото и компирот заедно и сервирајте. Доколку е густо, додајте хумано или адаптирано млеко додека не ја добиете саканата текстура. Можете исто така да додадете морков ако сакате.
Црвен ориз
Ви треба:
200g сварено и исецкано цвекло300g сварен кафеав ори
1 мал исецкан кромид – малку пропжен
3 жолчки
100g зготвено пилешко или мисиркино
50 мл пилешки бујон
малку млеко или 200ml јогурт
зачини по желба
Подготовка
Во сад помешајте ги цвеклото, кромидот,оризот, пилешкото или мисиркиното и зачините. Додадете хумано или адаптирано млеко или јогурт и жолчките од јајца. Добро измешајте.
Намрсете ја тавата за печење со маслиново масло и истурајте ја смесата. Печете на 200 степени околу 50 минути до 1 час. По печењето, оставете го да остане уште пет минути пред сервирањето.
Колачи од цвекло
Ви треба:
5 цвекла средна големина
маслиново масло
модли за колачи
Подготовка
Измијте,излуштете го исечете го цвеклото на кругови. Со модлите вадете од секое кругче. Ќе мора да притиснете малку посилно. Префрлете ги извадените фигури од цвекло во садот за печење во кој ставате хартијата за печење и премачкајте ги со со маслиново масло. Покријте со фолија и печете на максимум од 220 степени, околу 10-20 минути, или додека цвеклото не омекне.
Забелешка: Откога вашето бебе ќе јаде цвекло, можеби ќе има црвена или розеникава столица но не треба да се грижите, тоа е нормално.