ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Најдобрите грицки додека доите
    Најдобрите грицки додека доите

    Најдобрите грицки додека доите

    Дали сте знаеле дека вкусот на вашето млеко се менува во зависност од храната која ја јадете?

    После породувањето и доењето, гладтта е реална и секогаш жените јадат повеќе во првите неколку месеци од доењето отколку кога биле трудни. Доењето согорува 400-500 калории дневно, што е како нечив тренинг!

    Постојат два критериума за грицкањето прилагодени на положбата додека го доите бебето:

    1. Треба да биде нешто што можете да го јадете со една рака, затоа што истовремено го храните и бебето – практичноста е клучна.

           2.Мора да биде здрава храна која ќе ви даде енергија и здрави калории.

    Најдобрите грицки додека доите се овошјето и зеленчукот

    Очигледно е дека овошјето и зеленчукот се особено важни во било кој миг, а првенствено додека доите. Некои од нив можете да ги помешате или да ги додадете во друга храна, додека други можете да ги јадете и додека се движите. Се предлагаат следните намирници: јагоди, капини, боровници, малини, банани, јаболки, мандарини, грозје, морков, круши, спанаќ – кој можете да го направите во смути, авокадо од кое можете да направите пире и да го намачкате на тост.

    Протеини

    Протеините се исклучително важни додека доите, затоа што протеинот е главна состојка на мајчиното млеко. Еве некои најдобри намирници богати со протеини кои можете да ги изедете дома:

    Ручек

     

    – месо – користете безмасна шунка, мисиркино месо, печено пиле или печено говедско,

    – хумус,

    – јогурт,

    – тврдо варени јајца

     

    Доручек

     

    Додека доите е важно да не го прескокнувате првиот оброк во денот – затоа наутро изедете нешто од наведеното:

     

    – овесна каша,

    – путер од кикирики,

    – житарици без шеќер