ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Најдобрите места за летување со деца
    Најдобрите места за летување со деца

    Најдобрите места за летување со деца

    Сеуште немате одлучено каде ќе одите на море? Еве што ни предлагаат другите родители…

    Да се одбере добра и поволна дестинација за патување со мали деца не е нималку лесно, посебно ако немате многу искуство кога се работи за такви патувања.

    Дали патувате во предсезона или во случај да не сте временски ограничени со дефиниран термин на годишен одмор, кога е во прашање летувањето со мали деца – би требало да ја избегнувате “ударната сезона” и најголемите горештини.

    Дали патувате со сопствен превоз, со автобус или авион, дали ќе престојувате во хотел или апартман – се тешки прашања, кои се наметнуваат веќе со првите зраци на сонцето и прават да се двоумите при донесувањето на одлуките.

    Еве неколку дестинации по препорака од родителите кои се погодни за летување со деца:

    1. Црна Гора: Петровац, Рафајловичи, Зеленик, Радовичи. Во овие места е најдобро да изнајмите приватен смештај.
    2. Хрватска: Крк, Климно, Стара Башка, Истра, Пореч. Доколку сакате да видите уште нешто освен Пореч, таа локација ви овозможува едноставна обиколка на преубави места како Ровињ, Пула, Бриони па дури и Венеција.
    3.  Грција: Касандра, Ситонија, Тасос, Крф.
    4.  Шпанија: Коста Брава – Тоса Де Мар и Санта Сузана.
    5.  Италија: Римини и Лидо ди Јесоло. Ова е одличен избор за родителите чии деца имаат 4 или повеќе години, затоа што во непосредна близина се наоѓа Fiabilandia забавниот парк, Riccione Aquafan водениот парк и делфинариум.

    Секако, водејќи грижа пред се за здравјето на вашите деца и нивната безбедност, но и потребите. Не носете брзи одлуки, туку уживајте во планирањето, а подоцна и во своето идеално семејно летување.

    Среќен пат!