
Најголемите грижи на идните мајки
За што се трудниците се загрижени?
Ќе стигнам ли до болница на време? Ќе го изгубам ли вишокот на килограми после породувањето?
Сте се запрашале ли колку трудници ја делат вашата загриженост во текот на бременоста? Анкетата која е објавена во магазинот The March of Dimes открива податоци за најголемите стравови на идните мајки, со некои очекувани, но и некои изненадувачки одговори.
Најголемата грижа според испитувањето на повеќе од 1000 жени, се вродените мани/развојни проблеми на бебето. Повеќе од 78% од жените рекоа дека се загрижени нивното дете да не биде родено со некој вид на здравствен проблем.
Друг страв на идните мајки е стресот – 74% одговориле дека се плашат од тоа стресот во нивните животи да не им наштети на здравјето на бебињата.
Стравот од предвременото породување е на трето место. Со 71% кои се плашат дека нивното бебе ќе биде родено пред време.
70% од нив се плашат од породилните болки, 60% се загрижени дека нема да бидат во можност да дојат, 59% се загрижени околу намалувањето на вишокот на килограми после породувањето и враќање на старата тежина, а 55% се загрижени дека нема да стигнат на време до болница кога породувањето ќе започне.
Дури 61% од нив се загрижени околу тоа што е сигурно, а што не е во текот на исхраната за време на бременоста, а водечките намирници кои предизвикуваат страв се рибата и сушито.