ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Најнова технологија од Google: Монитор кој ги известува родителите дека бебето наскоро ќе се разбуди
    Најнова технологија од Google: Монитор кој ги известува родителите дека бебето наскоро ќе се разбуди

    Најнова технологија од Google: Монитор кој ги известува родителите дека бебето наскоро ќе се разбуди

    За 2, 5 или 10 минути… Не сме ни можеле да замислиме апликација која предвидува кога бебето ќе се разбуди.

    Наскоро ќе биде достапна една необична технологија која ќе им биде многу корисна на родителите. Имено Google промовира монитор кој ќе ги известува родителите дека бебето наскоро ќе се разбуди.

    Спрема податоците од Google, овој уред ќе има способност да препознае дека бебето ќе се разбуди во рок од 10 минути.

    Оваа технологија се заснова на пратење на движењата на очите, па може да детектира дали бебето е будно, во длабок сон, или пак спремно наскоро да се разбуди.

    Користејќи видео и аудио снимки, мониторот го прати и бележи однесувањето на бебето во однос на нормален шаблон. Спрема движењата на бебето и звуците, родителите добиваат предупредување дека на бебето му е неудобно. Ова предупредување се јавува уште пред бебето да заплаче и да се разбуди.

    Додека плачењето на бебето може да ги предупреди родителите дека бебето не се чувствува пријатно, некогаш тоа со звукот нема да ги покаже истите чувства.

    На пример, ако бебето мрда во сон, ако се разбудило и се движи во време кога би требало да спие, или уште полошо доколку се дави, се тоа значи дека бебето е во неволја, а тоа тогаш не мора да плаче.

    Во таквите загрижувачки ситуации, родителите би сакале да бидат известени.

    Покрај тоа, овој уред ги известува родителите дека бебето наскоро ќе се разбуди – за 2, 5 или 10 минути.