• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Најново научно откритие: Мајчиното млеко има антибактериско дејство
Најново научно откритие: Мајчиното млеко има антибактериско дејство

Најново научно откритие: Мајчиното млеко има антибактериско дејство

Податоците до кои дојдоа научниците покажа уште една позитивна страна на мајчиното млеко.

Американските научници од Универзитетот во Ајова ја идентификуваа состојката на мајчиното млеко која се покажаа како влијателна против опасните бактериски инфекции. За разлика од антибиотиците, состојката наречена GML не делува против добрите бактерии, пишува магазинот Scientific Reports.

GML e посебно ефикасна против бактеријата Staphylococcus aureus, Bacilius subtilis и Clostridium perfringens.

Истражувачите додаваат како производството на GML не е скапо, а планираат да го проверат неговото влијание во додавањето во детската храна и кравјото млеко.

Мајчиното млеко содржи 200 пати повеќе GML од кравјото млеко.