Најпопуларен празничен кекс- медењаци кои ги обожаваат и возрасните и децата
Вкусните медењаци се едни од најпопуларните божиќни колачи, а ова е рецепт кој ќе ви помогне вашите колачи да излезат совршено.
Празничната атмосфера е во полн ек, сигурно почнавте да ги приготвувате веќе познатите рецепти на колачи, салати, кифлички, месо и слично, или пак ги пребарувате на интернет страниците за некој нов совршен рецепт. Доколку вие сте еден од тие ова е совршен рецепт на вкусни и ароматични медењаци кои сигурно ќе ве воодушеват.
Состојки :
Медењаци: 100 грама чоколадо, 250 грама мелени бадеми, 50 грама брашно, 1 јајце, 200 грама мед, 2 лажици какао во прав, пола лажица шеќер со цимет и малку мешавина на зачини по вкус.
Прелив: 200 грама шеќер во прав, 2 лажици млеко, неколку капки екстракт од ванила.
Припрема:
1. Искршете го чоколадото и помешајте го со бадемите, брашното, медот, какаото и зачините. Замесете го како тесто. Замотајте го во фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Додека, рерната се загрева, израмнете го тестото, со дебелина околу 7,8 милиметри. Со калапите за медењаците, вадете ги во различни облици.
3. Обликуваните медењаци ставете ги во хартија за печење и печете ги околу 10 минути. Потоа ставете ги на ладење на страна- не во фрижидер.
4. Оладените медењаци прелијте ги со шеќер во прав или украсете ги со топло чоколадо или други додатоци по желба.
Ви посакуваме добар апетит.