
Најпозната барбика во светот стана инженер
Најпозната барбика во светот стана инженер
После 60 години од постоењето на Барби и повеќе од 200 професии кои најпознатата играчка ги имала, пратејќи ги најновите трендови во светот и развојот на технологијата денес Барби е инженер.
Иако за STEM сеуште релативно е заинтересирана машката популација, Matel сакал тоа да го промени да предизвика голем интерес кај девојчињата за во иднина да сакаат да се занимаваат со инженерство.
Што е STEM и зошто е важен?
STEM ја обзема науката, технологијата,инженеринг и математика ( од тука и англиската кратенка STEM, што значи science, technology, engineering i mathematics. Всушност ова се сегменти каде жената сеуште е многу помалку застапена отколку мажите. На светско ниво жените завземаат само 24 проценти.
Ова не е прв пат Matel да ја претстави Барби како научник (сите се сеќаваме на астронаутот Барби, како и докторка), но прв пат Барби доаѓа со потполно различни додатоци. Овој пат тоа не се торби, хаљини, туку робот со кој девојчињаа може да замислат како технологијата ќе ја изгради иднината. Инженерот Барбика доаѓа во четити верзии, и тоа како припадница на белата, афроамериканската, азијатка и латиноамеричка раса. Косата и е врзана, носи едноставни панталони и кошула, а на нозете има удобни патики. Сепак, не е изоставен познатиот make-up на лицето, со што сакаат да им порачаат на девојките дека истовремено треба да бидат и убави и паметни.
Освен ова, Matel направил соработка и со компанијата Black Girls Code и Tynker, gaming-platformom која на децата ќе им помогне да научат кодирање. Целта е девојчињата да се приближат до STEM, а во припрема е и работилница и книга за кодирање.
Развојната психологија предупредува на блиски односи на детето со неговата поширока околина и се што тоа дете доживува влијае на неговиот целокупен развој. Во така наречениот микрокосмос се сместени сите играчки со кои си игра, а во случајот најновата Барбика, на децата уште од рана возраст ги учи дека можат да бидат се што ќе посакаат и дека поделбата на машки и женски пофесии е потполно погрешен концепт.
Од таа причина сме воодушевени од новата Барбика, која за сега може да се набави само преку online продавница од компанијата Mattela за 13,99 долари.