ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Најслатки се кога спијат
    Најслатки се кога спијат

    Најслатки се кога спијат

    Се обидовте сè. И нишкање, и порано сместување во креветче, но вашето мало се уште има проблем со спиењето. Ем не може да спие, ем често се буди. Вие повеќе не знаете што би направиле, па почнувате да се прашувате каде погрешивте.

    Ајде да видиме што се сте направиле погрешно …

    Немате рутина

    Еден час пред да дојде времето за спиење, префрлете се на вечерен режим кој секогаш треба да се повторува, а вие одберете она што ви одговара вам и вашето дете. Не е важно дали станува збор за топла бања, читање на омилената приказна, слушање музика за смирување, туку детето тоа што го правите да го поврзе со спиењето. Кога тоа ќе му стане рутина и самото дете ќе знае дека е време за кревет.

    Ги игнорирате знаците на умор

    Ако внимателно го набљудувате детето, ќе дознаете дека знаците на замор се јавуваат секој ден во исто време. Дејствувајте веднаш штом сфатите дека детето ги чеша очите, губи интерес за играње и за луѓето околу себе, станува бавно и уморно. Важно е да не ги пропуштате овие сигнали што покажуваат дека на детето му е време за спиење. Неговиот организам во тие моменти почнува да го лачи хормонот мелатонин, кој е важен за спиење, и ако тоа не се искористи, детето ќе се разбуди и ќе бидете во неволја.

    Одвикнување од креветчето

    Вистинското време за преместување од креветче во кревет е период кога детето може само да излезе од него. Се пред тоа е прерано. Ова е една од најчестите грешки што родителите ја прават, што секако влијае на биоритамот и квалитетот на сонот.

    Дозволувате екстра дремки

    Се разбира, на раздразливо и уморно дете ќе му дозволите да заспие во вашите раце, количка или авто- седиште, но внимавајте ова да не ви стане навика. Овој сон не е ниту длабок ниту квалитетен, па може да имате проблеми со спиењето кога ќе се вратите дома.

    Менување на распоредот за спиење

    Ако често ги менуваате распоредот на спиење, тоа некако нема да биде добро за биоритамот на детето ,а организмот тоа ќе го доживува како “летање од една временска зона во друга.” Доследноста е од клучно значење за децата да создаваат здрави навики. Тие треба да имаат предвидлив распоред, особено кога спиењето е во прашање. На овој начин се регулираат нивоата на хормоните кои влијаат на биоритамот и спиењето.

    Дневното повторување на истиот распоред ќе му помогне на детето да почувствува поспаност во исто време секој ден. Доследноста, кај децата е круцијална за создавање на здрави навики.Непоходно им е да имаат точен распоред ,посебно кога е ноќното спиење во прашање.На тој начин се регулира нивото на хормонот кој делува на биоритамот и сонот.

    Секојдневното повторување на истиот распоред ќе му помогне на детето да почувствува поспаност во приближно, време секој ден. Секако, треба да оставите простор за одредена флексибилност, но најдобро е да бидете доследни, затоа што борбата околу спиењето најчесто настануваат кога родителите, детето ќе го сместат прерано во кревет или дозволуваат многу долго да остане будно.

    Дозволувате доцна да легнат во кревет

    Ова е грешка која родителите понекогаш ја прават верувајќи дека децата подолго и повеќе ќе спијат. Тоа можеби на прв поглед изгледа логично, но воопшто не е добра идеја. Биолошкиот часовник на малите деца функционира така што секој ден се будат во приближно исто време, додека кај тинејџерите кој одат доцна во кревет следниот ден спијат подолго.

    Исто така, важна е и доследноста на двата родители т.е усогласеноста во она што е дозволено и она што не е. Ако еден родител смета дека на бебето му е потребно нишкање се додека не се смири и не заспие, а другиот мисли дека ова не е добра идеја, на тој начин бебето ќе биде збунето, па затоа на време договорете се. Истото важи и за малку постари деца кога сакаат да го одложат спиењето.

    Како и секогаш, кога воведувањето нови или менувањето на старите навики се во прашање, неопходно да се направи напор кој во крајна линија ќе се исплати, бидејќи и вие и вашето дете ќе спиете мирно.

    Ако вашето бебе е “тврд орев”, пробајте еден супер трик … Успијте го со фен.