Најубавите грчки имиња за момчиња и девојчиња
Митолошки, христијански, историски, модерни… Пред вас е списокот со најубавите женски и машки имиња од грчко потекло.
Да се избере име за вашето дете не е воопшто лесна задача. Потребно е да се одбере само еден збор кој мора да задоволи повеќе услови – да им се допаѓа на мајката и таткото, да се совпаѓа со презимето, да не биде прекратко/предолго, да биде модерно или историско и во секој случај, да носи некоја важна порака, односно значење.
Како би ви олесниле, издвоивме за вас неколку прекрасни имиња за вашето момче или девојче кои водат потекло од Грција.
Женски имиња од грчко потекло
Ника – божица на победата
Теа – како божица
Ксенија – гостољубива, гостопримлива, гостински дар
Дорис – дар, подарок
Атина – име на хеленската божица
Теја – божица на сјајот и драгоценостите
Теодора – божји дар
Хелена – сјајна, блескава, како сончева светлост
Софија – мудра, разумна, вешта
Маргарита – како бисер, бисерна
Машки имиња од грчко потекло
Лука – светлост
Леон – лав
Теодор – божји дар
Тадеј – благодарност
Сотир – спасител
Петар – карпа, камен
Филип – пријател на коњите
Теофил – посветен на Бог
Никола – народен победник
Леонид – потомец на лавот, син на лавот