ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Најубавите машки кратки имиња
    Најубавите машки кратки имиња

    Најубавите машки кратки имиња

    Да се одбере име за новиот член во семејството не е воопшто лесна задача. Ако очекувате момче еве список со најубавите машки имиња кој ќе Ви помогне во изборот…

    Лука – потекнува од грчкото Лукас, веројатно настанато од латинското Lucas, со изворно потекло од lux (светлост, светол) – кој свети, зрачи, сјае.

    Леон – значењето на името доаѓа од латинскиот leo што значи лав.

    Иван – во христијанскиот свет едно од најчестите имиња. Името доаѓа преку грчката и латинската верзија, а оригинално во хебрејскиот јазик е Johanan (Jehohanan) составено од Jahven (бог) и hanan (милостлив), значи Бог е милостлив.

    Олег – машко име кое води потекло од старогерманскиот јазик, а најчеста примена има во руската култура.

    Филип – потекнува од грчкото Philippos со значење љубител (пријател) на коњи. Популарно е во сите јазици од христијанската цивилизација, благодарение на тоа што така се вика еден од дванаесеттемина Христови апостоли.

    Матеј – има хебрејско потекло, изведено од старохебрејското име Mattitjah што во превод значи дар божји.

    Петар – е име со грчко потекло изведено од зборовите petros што значи камен, па значењето на името е непоколеблив, одлучен, постојан. Име е и на еден од дванаесеттемина Христови апостоли.

    Јан – име со грчко потекло, во нашето поднебје попознато како Иван или Јован.

    Гал – име со непознато потекло, а значи мрачен, темен.

    Марио – име кое е настанато од латинскиот marius што значи мажествен, а може да значи и морска ѕвезда.

    Ноел – унисекс име кое потекнува од латинскиот израз Natalis што во буквален превод значи ден на раѓање.

    Томас – е име со арамејско потекло, а значењето на името е близнак.