• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Најубавите охрабрувачки пораки за ќерките: Претвори го негативното во позитивно и биди горда што си жена
Најубавите охрабрувачки пораки за ќерките: Претвори го негативното во позитивно и биди горда што си жена

Најубавите охрабрувачки пораки за ќерките: Претвори го негативното во позитивно и биди горда што си жена

Го одбележуваме месецот кој е посветен на жените низ пораки кон девојчињата кои ќе ги инспирираат и ќе ги научат колку вредат и каков потенцијал имаат.

Секоја мајка на девојче би сакала не само да го научи да го цени постигнувањето на жената во светската историја, туку и да биде инспирирана да остави сопствен печат во светот. Со оглед на тоа дека на девојчињата некогаш е полесно да им се делува од страна, добро е дека за сите девојчиња постојат охрабрувачки пораки, подобри дури и од оние кои самите можеме да ги смислиме.

А Март како месец на жените е совршено време за потсетување на девојчињата колку вредат и каков потенцијал имаат.

Не е едноставно да се биде женско, а денес тие можат да се сретнат со истите проблеми кои ги блокираа и нашите генерации и генерациите на нашите мајки – стереотипи, објективизација, дискриминација, навреди, злоупотреби, исмејување.

Оваа генерација има и додатно влијание од медиумите, што на некој начин може да биде и благослов, но и огромно проклетство. Нашите ќерки треба да добијат што е можно повеќе охрабрување, заедно со примери кои треба да ги инспирираат да бидат најдобрата верзија од себе.

За Вас и Вашите ќерки ги издвојуваме најубавите пораки кои ќе Ве инспирираат да сфатите дека можете се затоа што сте жени!

 

Се надевам дека знаеш дека си способна, силна и важна. Дури и кога не се чувствуваш така знај дека си!

 

Немој да се менуваш за луѓето да те сакаат. Биди тоа што си, а правите луѓе ќе те сакаат каква што си.

 

Мораш навистина да се сакаш себеси за да успееш да направиш нешто во овој свет.

 

Ништо не е невозможно, светот сам ни кажува – можен сум!

 

Не прави компромиси со себеси, ти си се што имаш.

 

Диши љубов моја, ова е само едно поглавје а не твојата цела приказна.

 

Не ги обвинувај родителите, не го обвинувај момчето, не ги обвинувај околностите. Прифати ја реалноста, прифати го предизвикот и соочи се со него. Биди одговорна за сопствениот живот. Претвори го негативното во позитивно и биди горда на тоа што си жена.

 

Во животот ќе го добиеш она што имаш храброст да го побараш.

 

Искажи го своето мислење. На тој начин ќе створиш и свет каков што сакаш.