ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Најубавите женски кратки имиња и нивното значење
    Најубавите женски кратки имиња и нивното значење

    Најубавите женски кратки имиња и нивното значење

    Доколку сте во дилема кое име да го одберете за своето девојче погледнете ги овие предлози со имиња за послаткиот пол кои ќе Ви помогнат да донесете конечна одлука…

    Теа – настанато е од грчкото thea – божица. Не треба да се занемари и мислењето дека е настанато од италијанското значење дива ружа.

    Леа – латинско име кое значи лавица.

    Дина – името Дина е со арапско потекло, а значењето на името е послушност, долготраен дожд.

    Зоја – име од грчко потекло со значење живот.

    Луна – латинско име кое означува Месечина.

    Сара – е библиско име. Доаѓа преку англиското Sara(h), од старохебрејски сара – највисока, истакната, позната. Популарно е во западноевропските јазици од најстарите времиња до денес.

    Маша – е библиско име, настанато од името Марија. Го носат повеќе личности кои се спомнуваат во Светото писмо. Во изворниот хебрејски јазик е Миријам.

    Ена – скратен облик од името Ирена, а води потекло од грчкото Eirene. Во грчката митологија, божица на мирот, ќерката на Зевс и Темида го носела ова име.

    Нина – потекнува од грчкото Nina кое е женски облик од Ninos (Ninus) – име на легендарниот основач на Асириското царство.

    Хана – еврејско име кое значи милост и благодарност.

    Ема – скратено од Емилија.

    Тара – постои мислење дека е од келтско потекло а означува кула.