Најзабавната детска градинка која сте ја виделе
Во детската градинка Фуџи која се наоѓа во Токио, во предградието Тачикава, дрвjата служат за качување, децата се охрабруваат да трчаат, а училниците не се ни налик на обични простории.
Оваа кружна зграда која во 2017 година освои Moriyama RAIC International Prize е проектирана од Такахару Тезука, со идеја децата што повеќе време да поминуваат на отворено, во игра и допир со природни елементи – вода, сонце, дрвја… Наместо заштитна ограда, тука има мрежи а кровот е истовремено и полигон за игра. Тука се и чешмите за миење на нозете после детската игра..
Градинка ја посетуваат околу 600 деца, на возраст помеѓу 2 и 6 години.
Бидејќи просторот е многу голем, со периметар од 183м, децата многу се движат. Калкулациите покажаа дека во просек поминуваат околу 4000 метри, а со самото тоа по атлетските способности се подобри од децата на своја возраст. “Ние не ги тренираме децата. Едноставно ги оставаме на кровот а тие трчаат“ – појаснува низ смеа директорот на градинката.
“Суштината е да не ги контролирате, да не ги штитите премногу и да им дозволите да паднат. Мораат понекогаш и да се удрат, затоа што така учат како да станат поспремни за животот“ вели Тезука.
Градинката го следи Монтесори методот, едукативен пристап со кој на децата им се дава слобода да се движат низ училниците и да учат преку откривање.
Наместо да им поставува психички бариери на децата, архитектот Такахару Тезука ја има проектирано градинката како континуиран простор кој овозможува неограничено учење и игра.
Својот концепт го нарекува “носталгична иднина” каде што нема инсталирана опрема за играње, а децата можат слободно да се движат, да паѓаат и да се намократ во безбедна средина.
“Бидејќи зградата е во форма на прстен децата си играат гледајќи едни во други. Тие учат како да си помагаат, учат како да бидат дел од група” истакнува Тезука.