ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Намалете ја појавата од стрии во бременоста
    Намалете ја појавата од стрии во бременоста

    Намалете ја појавата од стрии во бременоста

    Намалете ја појавата од стрии во бременоста

    Една од честите појави во бременоста се стрии кои се појавуваат кај 90% трудници со мал број на среќнички кои ги немаат. Иако е делува дека е новзможно да се спречат поради различни фактори (генетика, хормонални промени), постојат неколку начини на кои можете да влијаете на нивното настанување.
    Вежбајте
    Вежбањето во текот на бременоста поттикнува добра циркулација на крв со што кожата се прави поеластична.
    Внесувајте доволна количина на течности
    Внесот на вода е основна за хидрација на целокупниот организам, во текот на бременоста но и по породувањето. Ако внесувате доволна количина на вода, и давате еластичност на својата кожа која може да влијае врз намалување на стриите кои се појавуваат на стомакот кој расте.
    Хранете ја својата кожа
    Познато е дека витаминот Е, Ц и цинкот помагаат во зачувување на здрава кожа и градење на колаген кој ги одржува слоевите во кожата. Конзумирајте цитруси, портокали, апетисани со што би овозможиле производство на колаген.
    Намалете го стресот
    Новите истражувања покажуваат дека кожата реагира на ситуацијата во која се наоѓаме. Колку сте посмирени, кожата ќе реагира на вашата смиреност и може да се намали појавата на стрии.
    Често масирајте го својот труднички стомак
    Масирајте го стомакот со путер од кокос и шеа путер три до четири шати дневно со што ќе го намалите бројот на стрии. Клучот за успех е добра масажа а не само кратко наносување на крема.
    Зголемувајте ги килограмите но постепено
    Колку побрзо ги добивате килограмите во текот на бременоста, толку побрзо се развлекува вашата кожа. Тоа ќе ги зголеми шансите за настанување на стрии, бидејќи брзото добивање на килажа претставува своеврстен стрес и за самата кожа која реагира на настанувањето на стрии.