Намирници кои ја поттикнуваат плодноста кај мажите
За здрави сперматозоиди, 10 намирници кои ја поттикнуваат плодноста кај мажите
Исхрана е еден од најважните фактори за плодност кои можеме да го контролираме. Начинот на исхрана кај жената пред и после бременоста влијаат врз плодноста и бременоста. Исто така здравиот начин на живот, односно здравите навики во исхраната се од исклучителна важност и за плодноста на мажите.
Причини за неплодност секако дека има најразлични но најчесто се работи за абнормални сперматозоиди, хормонски пореметувања, возраст или пак се работи за непозната причина.
Причината за плодност може да биде директно или посредно поврзана со исхраната. Мажите кои имаат килограми повеќе од нормалата не само што произведуваат помалку сперма, туку и во голема мера содржат абнормални сперматозоиди. Дебелината се поврзува со зголемен број на мутација на ДНК во спрематозоидите, што може да ја намали плодноста. Исто така недостатокот на телесни масти како и прекумерното внесување на масти во пределот на абдоменот е поврзано со намалена синтеза на тестостерон и лошиот квалитет на спермата.
Избалансираната храна помага во одржување на идеална тежина, ги чува хормоните во рамнотежа и го поодбрува здравјето и репродуктивниот систем.
Затоа во текот на денот треба да се јадат намирници кои се богати со антиоксиданти, витамин А, Ц, Е, семки и мешункасти плодови и намирниси богати со омега 3 масни киселини.
Алкохолот може исто така да биде причина за неплодност поради токсините кои ги содржи алкохолот. Редовно прекумерно пиење на алкохол може да ја намали плодноста и до 5- проценти.
Во продолжение 10 намирници кои сите мажи треба да ги конзумираат за подобрување на плодноста.
1. Остриги
2. Банани
3. Мрсна Риба
4. Брокули
5. Соја
6. Бразилски ореви
7. Интегрални житарици
8. Билни станоли и стероли (ги има најмногу во овошјето и зеленчукот)
9. Бобинки
10. Црвено-портокалово овошје (пиперка, морков, тиква)