ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Напади на бес кај малите деца
    Напади на бес кај малите деца

    Напади на бес кај малите деца

    Универзални упатства кои ги спречуваат детските напади на бес во фазите на развој.

    Приказната за нападите на бес кај децата е секогаш актуелна.

    Иако не постои единствен рецепт за спречување на нападите на гнев кај децата, постои можност за  директно влијание врз намалувањето на бројот на овие ситуации. Текстот е само за тоа.

    Знам колку е стресно за родителот да го гледа детето како луто се валка од бес и да има впечаток дека не може да стори ништо за да го смири. Ако оваа ситуација често се повторува кај вас, верувам дека сте исцрпени и немате идеја како да му помогнете на детето (и себе си). Време е да се релаксирате и да ги намалите загриженостите со тоа што ќе ги запознаете работите што можете да ги направите за да ги спречите нападите на гневот дури и во фазите на формирање.

    Секое дете на поинаков начин го изразува чувство на лутина, постојат некои “универзални” насоки кои можат да помогнат во спречување на нападите на бес во фазите на:

    • Емоционална писменост. Научете го детето кај себе да препознава различни емоции, а потоа како да ги изразува соодветно. Кога станува збор за лутината, важно е детето да научи како да ја покаже лутината без да биде насилно. Еден начин на изразување на лутината е да разговара за своите чувства, зошто се чувствува така, што може да се направи за да се чувствува подобро.

    • “Подобро да се спречи, отколку да се лечи”. Обидете се да го спречите гневот пред да почне. Важно е да научиме и да го препознаеме она што навистина го вознемирува нашето дете, така што ќе одговориме на време. Сепак, постојат вонредни состојби од каде што не може да се изолира детето (на пример, кога одиме на лекар), за оваа ситуација, добро е да има веќе однапред договорено сценарио “што ако-тогаш ќе”.

    • Зборувај тивко. Често користете ја оваа техника кога тензијата почнува да “расте”. Наместо да викате по нив, почнете да  зборувате многу тивко, за да ги направите заинтересирани да слушнат што зборувате и да се смират. Ако досега не сте ја користеле оваа техника, потребно е малку време за да се навикнете на тоа, но вреди.

    • Разбирање на причината за лутината. Обидете се да разберете зошто детето има напад на гнев. Ако вашето дете има  напади на бес одново и одново, многу е важно да се знае зошто тоа го прави. Прашања од типот: “Која е целта на неговото однесување? Што сака да постигне со ова однесување? “, може да ви помогне да ја откриете причината за ваквото однесување. Можеби ќе ви треба повеќе време за да ја препознаете, но вреди.

    • Намалување на бројот на “предизвикувачи”. Кога ќе препознаете што е фрустрирачко за вашето дете, помогнете му да ја надмине оваа пречка. На пример, можеби бесот е предизвикан од неможноста да се облече само. Работете со него и  помогнете му да ја надмине оваа пречка и може да прешкртате една од причините од листата на можни “предизвикувачи” на нападите на гнев. 

    Запомнете, потребно е време да ги прифатите овие нови начини на однесување (ова се однесува на сите членови на семејството). Трпеливостаа и доследноста се вашите “сојузници” во борбата со овој родителски предизвик, како и практични техники за тоа како да се зборува и што да направите во овие ситуации.

    Како Вие излегувате на крај со детскиот бес?