Направете еколошки марамици
Мама Џој Ратима од Мелбурн се стекна со неверојатна слава благодарение на своите видеа во нејзиниот дом каде дава совети на сите мајки како да направат влажни марамчиња и тоа без хемикалии. Како и голем број на родители, Џој Ратима е премногу загрижена за бебешките производи кои содржат штетни хемикалии а и се препорачани да ги короисти за своето бебе. Од таа причина таа одлучила сама да направи влажни марамчиња за своето бебе. Видеото кое го објавила на Facebook профилот само за неколку недели било прегледано повеќе од милион ипол пати.
За да имате потполно природни влажни марамчиња за вашето бебе не е потребно премногу време, а од состојките ви се потребни само :
-
Суви, бришачи марамици
-
Пластична кутија ( која ќе одговара на големината на преполовените бришачи)
-
Кокосово масло
-
Природен лосион за тело
-
Превриена вода
Погледнете како оваа мајка од Австралија го направила истото. Пробајте го и вие и добијте 100% приородни влажни марамици за вашето бебе.