Направете го сами вашиот балзам за усни
Поголемиот дел од жените, во својата чанта имаат сигурно по три различни балзами за уста.
Ако ви е доста купување балзами за усни, ви поклонуваме рецепт за домашен, миризлив, здрав и природен балзам со кој вашите усни ќе станат меки и убаво неговани. Откако еднаш ќе го испробате овој рецепт, ќе посакате да го направите одново и одново…па ете и идеја за подарок со кој ќе можете да ја израдувате било која дама, девојка, мајка, жена.
За ваков балзам потребно е:
– 3 лажици за кафе пчелин восок
– 2 лажички шиа-путер
– 4 лажички кокосово масло
Во рерна загрејте ги сите состојки, околу 30-тина секунди, па целата маса излијте ја во мали кутивчиња во кои ќе го чувате балзамот. Отако ќе ги наполнете, оставете ги добро да се соединат, да стане цврста сместата и да се оладат.
Совет плус: Доколку ја следите точно рецептата и ги ставите сите состојки како што се пишани, ќе добиете поцврст балзам кој нема да ви се стопи и раслее на сите страни во вашата чанта. Но, тоа не значи дека нема да се топи на допир на вашите усни, лесно ќе можете да го нанесете и намачкате. Меѓутоа, ако сакате повеќе течни балзами, стабете помалку од пчелиниот восок а повеќе од кокосовото масло.