
Направете каса од шише
Со цел вашите деца да научат важна лекција за парите и заштедата, помогнете им да направат каса во форма на авион. Ставете го на биро или полица каде што ќе може секој да стави пари во него. Ако сте упорни и доследни, може ќе заштедите доволно за убаво патување.
Потребно е
– празно пластично шише од 1/2 литар или 1 литар
– хартија во боја
– ножици
– суперлепак и
– молив / фломастери
Отстранете ја налепницата од шишето и исечете ја на едната страна за да ги вментнувате парите.
Потоа нацртајте ги крилјата на авионот, правоаголници од кои ќе ги направите крилата и пропелерот кои ќе бидат поставени на отворот на шишето.
Трупот на авионот може да биде бел ,а крилата и прозорците во различни нијанси на сино, но можете да користите и други бои доколку сакате. Прозорците ќе бидат убави ако ги нацртате и обоите со фломастери.
Прво околу шишето, ставете хартија за трупот, потоа за крилата и за пропелерите, како на сликата.
Кога добро ќе се исуши, авионот-каса ќе биде спремен за ставање на парички.