Направете помпом простирка
Мека простирка што ќе ја поставите покрај креветот, во дневната или детската соба, може да биде готова за половина час. Набавете мека волница во повеќе бои, ножици, прибор за шиење и почнете со работа.
Покрај овој материјал, ќе ви биде потребна подлога. Како основа можете да користите мрежа за прозорци, онаа што не штити од комарци, тенки сунѓерести подлоги со мали дупки, ткаенина за таписерија …
Ногарките на столчето неколку пати обвиткајте ги со волницата и добро затегнте. Потоа, на крајот, врзете јазол, па со остатокот направете јазол на еднакво растојание како на сликата.
Потоа сечете ја волницата помеѓу секој јазол како би добиле мали помпони, волнени топки. Местото каде што јазолот останал зашијте го на мрежата со игла и конец. Пополнувајте го така дел по дел од мрежата, се додека целосно не го покриете. Изберете ги димензиите сами.
Можете да ја перете во машина за перење на пониски температури, се разбира, без центрифуга.