ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Направете првиот залак да биде посебен!
    Направете првиот залак да биде посебен!

    Направете првиот залак да биде посебен!

    Бебето расте и напредува со индивидуално темпо, па нема строги правила кога треба да се воведе цврста храна која, реално само така се нарекува а во суштина е кашеста. Но, искуствено гледано, поголемиот број на деца од својата 6 месечна возраст се спремни за не-млечен оброк, бидејќи во тој период органите за варење им се доволно развиени. Но, ако имате дилема, постојат неколку доверливи показатели…Проверете дали вашето бебе може да седи, дали главчето е стабилно, дали е способно само да си стави храна во уста и дали може да проголта. Доколку вашето бебе сево ова може да го прави тогаш сте спремни за првата кашичка.
    Почнете со овошје
    На почеток на воведување на кашестата храна, не е толку важно колку ќе изеде, туку детето да се навикне на таква храна. На бебињата на почетокот не им е потребен три пати не-млечен оброк дневно, туку мала количина на овошје и зеленчук со што би се навикнале на вкус и текстура на храна во устата.
    Првите оброци направете ги да бидат со јаболка, крушка, праска, кајсија, морков, компир, тиква, тиквичка…Воведете по една намирница на три до пет денови, а доколку бебето е склоно кон алергии на пет до седум дена. Постепеното воведување на нови намирници може да ви помогне да видите дали некое од истите му смета на бебето.
    Првиот ден нека биде кашичка, другите две, па четири, а потоа колку бебето ќе сака. За воведување на пиперка, спанаќ, блитва и зелка треба да почекате детето да наполни осум месеци, за воведување на боранија, грашок, леќа, грав треба да се почека од девет до десет месеци, а цитрусно овошје и јагоди треба да се почека до првиот роденден. Кога ќе дојде време за месо, околу осмиот месец, започнете со пилешко, јагнешко, мисиркино и телешко, а на сол, заборавете до 12ти месец.


    Научете ги да џваќаат
    Околу осмиот месец бебето почнува да учи да џвака помеки парчиња и со јазикот да ја манипулира храната во устата. Детето се привикнува на одредени намирници со тоа што му се нудат повеќе повеќе пати, па дури и кога се одбиваат. Понекогаш може да се случи детето да одбие одредена намирница 15 пати, а потоа истата намирница изненадувачки, ќе биде омилена. Исто така, немојте да се изненадите доколку вашето дете, одеднаш почне да одбива нешто што до вчера му било омилено, но оваа фаза најчесто се појавува околу втората година. Колку е бебето помало, толку почесто ќе покажува спремност да проба нешто ново.
    Нека јадат сами, со прстиња
    Поголемиот број на бебиња на возраст од 6 месеци, сеуште немаат зави, па затоа често им се нуди испасирана, кашеста храна, а кога оваа фаза ќе помине, може да се “изборат” со помали парчиња. Кога ќе дојдат до фаза на џвакање, понудетет им варено морковче или пак парче на овошје или зеленчук кое ќе може да се земе само со прстиња и ќе го постави во уста.
    Штом бебето ќе почне да седи, почнете да уклучувате и фамилијарни оброци, бидејќи децата учат да јадат гледајќи како другите јадат. Поттикнете ги да јадат сами, без разлика што знаете дека ќе се извалкаат. Оброците се прилика за учење и затоа е важно на детето да му биде забавно.