• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Направете сами гаража за автомобилите
Направете сами гаража за автомобилите

Направете сами гаража за автомобилите

Децата никогаш повеќе немале толкав избор на играчки како денес. Продавниците се буквано преплавени со нив. Меѓутоа покрај големиот избор, се случува квалитетот да не биде сразмерен со цената, или децата брзо да изгубат интерес за нив па ви се чини дека сте фрлиле многу пари за нив.

Многу родител, често се присетуваат на своето детство па со малку креативност и во домашни услови изработуваат играчки кои секако се креативни и изработени од различни рециклирачки материјали.  

Денес ви предлагаме еден одличен пример за изработка на креативна играчка за вашето дете. Таа е едноставно, практична а и ќе признаете дека изгледа одлично. Тоа е – Гаража за детските колички на вашето дете и тоа од дрвени даски, картонски ролни од тоалетна хартија и лепак за хартија и картон.