
Направете сами- кукли за на прст
Приказните во ноќта ќе бидат многу поинтересни со помош на овие интересниплатнени пријатели. Можете да ги направите едноставно, со користење на шарени материјали, лепило и неколку фини ситни детали.
Сè што треба да направите е да го ставите прстот врз материјалот и со молив да исцртате шема, но бидете внимателни да е малку пошироко од вашиот прст за да имате простор за лепење.
Залепете две по две парчиња со свиткување на рабовите навнатре за да убаволегнат. Изкројте ги и деталите – крилја за пчела, грива на лавот, уши за мајмунот и добро залепете ги со лепак.
Создадете и вашиликови, оживејте ги омилените херои од приказните на вашитемалечки.
Можете да користите апликации за очите, или едноставно искројте ги од ткаенина и залепете ги.
Ова е одличен проект кој ќе ја потикне имагинацијата на вашите деца и ќе им помогнекако сами да ги измислат своите приказни за добра ноќ.