Марамчиња за вадење на шминка – Биди вредна и креативна и направи сама
Мамички, ајде излезете од секојдневието и направете нешто корисно и интересно.
Потребно е:
15 парчиња памучни (бришачи) или тоалетна хартија која ќе ја исечете на пола, 2 шолји вода, 1-3 лажици масилиново масло (доколку имате сува кожа, ќе ставите повеќе масло, а доколку имате масна кожа користите помалку), 1 лажица масло од хамамелис, (хидролат хамамелисот ја омекнува и освежува кожата, ги чисти порите и ја подобрува текстурата на кожата. Погодна е за сите типови на кожа, но најмногу за масна и комбинирана кожа), 10 капки етерично масло (по желба).
Наредете ги памучните (бришачи) или тоалаетна хартија во голема или мала тегла (во зависнот од големината што сакате да ја постигнете).
Во еден сад ставете ја водата, маслиновото масло, маслото хамамелис и етерично масло ( доколку се одличите да го користите), енергично мешајте со вилушка со цел водата и маслото да се сооединат. Откако ќе се соединат,течноста прелијте ја преку салфетите, затворете ја теглата и добро протресете ја се додека бришачите/тоалетната хартија не бидат целосно натопени.
Кога бришачите/тоалетната хартија ќе впијат од течноста, вишокот на течност префрлете ја во друг сад, сочувајте ја и искористете ја за нова тура на марамчиња за чистење на шминка.
Пробајте !
Доколку сакате мали марамчиња, само ставете ги во помала тегла.