Направете здрава паштета за Вашето бебе или дете
Речиси сите се согласувате дека паштетите не се за деца – содржат конзерванси и адитиви, а месото во нив често е сомнително. Сепак, тоа не значи дека вашето дете, или дури и бебе, не може да јаде здрава и вкусна паштета за појадок или вечера.
Ние ви подготвивме неколку вкусни и многу здрави рецепти за паштети кои можете брзо и лесно да ги направите дома.
Паштета со пилешко
Потребно:
Парче пилешко бело месо
1 морков
1 корен од магдонос или една четвртина од целер
Малку магдонос
Неколку лажици павлака или маслиново масло
Подготовка: Исечете го пилешкото на парчиња и ставете го да се готви. По 5-10 минути, додадете сецкани моркови и магдонос или целер корен. Кога ќе се свари, фрлете ја водата, додајте ги другите состојки и изблендирајте или измиксирајте.
Забелешка: Оваа паштета е идеална за бебиња кои штотуку почнале да јадат месо. За постарите деца, исто така, може да додадете лук, или ловоров лист во садот каде што го готвите месото , а моќе и малку да ја посолите. За подготовка истотака може да користите и друг дел од пилето освен градите.
Рибја паштета со зеленчук
Потребно:
Парче риба
Засушен црн кромид или парче праз
1 чешне лук
1 морков
Малку магдонос
Неколку капки масло или парчиња путер
Подготовка: Рибата може да ја испечете во рерна или да ја сварите во малку вода. Сварете го морковот и потоа ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте.
Забелешка: Можете да додадете малку сол и црвен пипер запостарите деца.
Паштета од пилешки џигер
потребно:
Парче пилешки џигер
1 пиперка
¼ кромид
30 гр путер
1 лажица масло
3 супени лажици кисела павлака
Подготовка: испжете го џигерот на една лажица масло и додадете ја пиперката и кромидот. Кога ке бидат исржени додадете ги и другите состојки, па се изблендирајте.
Забелешка: Пилешкиот џигер е најдобар да го воведете во хранењето на новороденчињата по првиот роденден и по можност од домашни кокошки.
Паштета од авокадо
Потребно:
1 авокадо
100 г крем сирење
2 чешлиња лук
Малку магдонос
Подготовка: Све заедно изблендирајте во блендер.
Забелешка: Ако смесата е премногу густа, можете да додадете малку кисела павлака. На постарите деца можете да додадете лажица сок од лимон и малку сол.