Направите безбедно игралиште во вашиот двор
Дали е подобро да направите или да купите готови справи за игралиште?
Направените, како и готовите справи за игралиште имаат свои предности и недостатоци.
Без оглед на тоа што сте решиле, на прво место, секогаш размислете за безбедноста на вашите мали.
Ако одлучите да создадете свое место за игра за вашето дете, консултирајте се со експерт ако не сте квалификувани и не заборавајте дека сите справи да ги тестирате на неколку пати пред употреба.
Ако сепак сакате да се купи готови справи за градината, првенствено водете грижа за структурна стабилност, без оглед на тоа од кој материјал е направен. Исто така, секојдневно проверувајте ги справите, со цел да се спречат можни повреди, бидејќи со времето може да еден шраф да попушти, дрвото да пропадне …
Каков справи на децата им се допаѓаат најмногу?
Малите деца најмногу го обожуваат песочникот, кој можете да го направите сами , така што ќе се ископа одреден дел од земјата, се оградува и се пополни со песок, но ако одлучите да го купите најдобро е да се избере пластика која може лесно и брзо да се затвори кога детето не го користи.
Покрај тоа, децата многу ги сакаат лулашките кои може да се купат по пристапни цени. При изборот водете сметка за возраста на децата,зашто формтаа, нивото на безбедност варира во зависност од староста на детето.
Лулашките може да бидат прикачено на дрво или одредена структура, но грижете се за стабилноста и исто така да има доволно простор за лулање.
Ако во дворот од претходно веќе имате справи за игра, како што се лулашките,клацкалките, тобоганите од време на време проверете ги завртките, како и пластиката или дрвото да не е оштетена.
Исто така, не заборавајте дека местото за игра треба да биде безбедна зона, па превземете сè што е во ваша моќ за да го одржувате игралиштето безбедно. Осигурајте се дека нема остри предмети (шајки, метални предмети) или остри рабови во вашиот дворот и вашето дете нема да се повредиили исече. Чувајте ги сите градинарски алати под клуч, а истото важи и за хемикалии за растенија.
И што е најважно, никогаш не дозволувајте вашето бебе да игра надвор без надзор.