
Напредок кај лечењето на дијабетес
Сан Франциско – Калифорниските научници успеаа да направат голем напредок кога е во прашање дијабетесот и проучувањето на трансплатирањето на станици: од матичните келии сoздадоа здрави бази на келии кои произведуваат инсулин, објавено е во магазинот Nature Cell Biology.
Долги години стручните лица пробуваат да направат трансформација на матични келии во келии кои произведуваат инсулин. Тоа конечно им успеа на научниците од угледниот UC San Francisko, кои порачаа дека направиле голем чекор напред во проучувањето на трансплатацијата на келии.
Тимот кој го предводеше др. Гопика Наир успеа од матичните келии да направи здрави бета келии кои произведуваат инсулин, а тоа може да овозможи нов начин на лечење на пациентите со дијабетес тип I.
“Нашата работа отвора неколку возбудливи патишта кои би можеле да претставуваат конечен пристап во лечењето на дијабетес тип I. Достапните третмани, како инекциите со инсулин, ги лечат само симптомите на болеста“ кажа др. Наир.
Добиените здрави и функционални бета келии се трансплантирани во глувчиња и за неколку дена истите почнаа да создаваат инсулин како одговор на глукозата во крвта. Дијабетесот од типот I е автоимуна болест каде што панкреасот не произведува или произведува многу малку инсулин затоа што имунолошкиот систем ги напаѓа станиците кои го создаваат.
Научниците од Hebrok лабараторијата тврдат дека ова е чекор напред на кој долго се чекаше и дека можностите на лечење стануваат бесконечни.