Наставникот не ме сака
Наставникот не ме сака.
Како да го промените негативниот став за детето спрема неговите учители?
Скоро секој родител имал барем еднаш прилика да слушне од своето дете дека некој наставник не го сака. Во продолжение ви нудиме фантастични совети како да му помогнете на вашето дете да го промени својот став.
Децата често имаат негативен став спрема наставникот, посебно ако тој предава предмет кој детето не го сака или пак му ја промениле учутелката која претходно ја сакал. Иако можеби наставникот е одличен педагог и добро си ја работи својата работа, детето ќе смета дека наставникот е лош и воглавно ќе ви говори дека тој наставникот го/ја мрази.
Еве совети како да се решите од тој проблем.
- Оставете го детето да биде тажно.
Дококу постојано повторувате дека тој наставник бил одличен и дека не е вистина што зборува вашето дете, ќе направите се повеќе да се оддалечи од наставникот и проблемот ќе биде се поголем и поголем. Оставете го вашето дете само да се избори за своите чувства, затоа што така ќе го научите да се соочи со разочарувањата во животот. Доколку се работи за наставник по кој пати вашето дете, разговарајте со новата учителка и потрудете се заедно да го решите вашиот проблем.
- Научете ги вашите деца да разликуваат добро и лошо однесување кај луѓето
Доколку вашето дете постојано се жали за новиот наставник, побарајте од него да ви го измитира тонот на кој му се обраќа наставникот или пак начин на кој му соопштува нешто. Доколку е проблемот до детето а не до наставникот, направете симулација на тон на наставникот кој е лош и оној кој убаво се обраќа. На овој начин посочете и објаснете дека детето навистина греши. Децата често се преосетливи, па можат да се почувствуваат загрозено и кога некој према нив се однесува сосема коректно. Вака децата ќе имаат до знаење дека треба да уживаат во наградите и пофалбите но и да научат да прифаќаат критика.
- Бидете на страната на детето, но бидете и неутрални
Сосема е во ред да реагирате доколку вашето дете навистина има проблем со наставникот, но никогаш немојте да носите избрзани одлуки. Постојат родители кои премногу заштитнички се поставуваат спрема своите деца.Прво разговарајте со детето и прашајте за причината поради која мисли дека неговата учителка не го сака. Доколку е поради предметот кој го предава или поради тоа што пати по претходниот учител, тогаш помогнете му на детето на различни начини да се прилагоди и да се чувствува комфорно на школо и просторијата во која го поминува денот со своите соученици и учители.