
Научете го детето што не смее да допира во куќата
Како да го научите детето што смее а што не смее да допира?
Дали треба да го променам своето однесување за моето дете да биде безбедно?
Секако, бидејќи колку и да сакате да го направите вашиот дом безбеден никогаш не е 100% сигурен,затоа секогаш треба да бидете внимателни.
Морате да бидете свесни што правите и никако не смеете да дозволите да бидете расеани во присуство на вашето бебе.Затоа не треба да користите седативи, алкохол или дрога, како не би се довеле во опасност ни себе ни бебето.
Во никој случај не го оставајте бебето само во куќата или во собата. Никогаш не смеете да го оставите бебето за да претрчате во продавница, на пазар или кај сосетката, да ја препаркирате колата или да отидете до пошта.
Никогаш не треба да го оставате ножот на маса додека е бебето се уште на маса, пеглата не смее да е вклучена и машината за перење без ваша контрола, додека бебето се шета наоколу. Морате да пазите топлите напитоци или алкохолните пијалоци, пепелникот и слични работи да не ги оставате на маса на дофат на детето. Никогаш не го оставајте само бебето со дете од предучилишна возраст или со куќните миленици.
Најдобро е да имате навика опасните работи како што се лекови и хемиски средства после употребата да ги враќате на свое место, и ни во еден момент да не ги оставате на дофат на детето. Научете ги техниките на прва помош и имајте дома прибор за прва помош.
Како да го научиме детето што смее, а што не смее да допира?
Ќе дојде време кога ќе треба да го подучувате вашето дете што смее а што не смее да допира. Немојте само да му кажете НЕ, објаснете му на детето зошто не смее да ја допира печката, ножиците, шољата за кафе. Треба да го научите своето дете што смее а што не смее да става во уста. Ограничете ги можностите и кажете: немој да ставаш во уста ништо што мама и тато не ти дале…
Како да го научиме детето само да се заштити од труење?
Морате да го учите детето само да се одбрани од труење. Повторно и повторно повторувајте ја реченицата-немој да јадеш и да пиеш ништо што не ти дале мама и тато.
Тоа за мало бебе е се уште неразбирливо, но брзо ќе научи што смее да јаде и да пие, а што не. Исто так ако користите хемикалии пред детето или кога му давате лекови повторувајте-само мама и тато смеат да ти дадат лекови, само мама и тато употребуваат прашок, итн.
Што треба јас да направам за детето да ми е безбедно на улица?
Учете го детето како да се однесува на улица. Треба да научи дека не смее да ја помине улицата ако не држи за рака некоја возрасна личност. Исто така треба да наслушнува и да го бара автомобилот (да гледа лево и десно) и да не ја преминува улицата каде што нема пешачки премин или на црвено- вие треба да му бидете пример на детето за тоа.