ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Научниците пронајдоа врска помеѓу тежината на новороденчињата и ризикот од развојот на алергии
    Научниците пронајдоа врска помеѓу тежината на новороденчињата и ризикот од развојот на алергии

    Научниците пронајдоа врска помеѓу тежината на новороденчињата и ризикот од развојот на алергии

    Овие резултати ги добија научниците од австралискиот Универзитет во Аделаида.

    Големата породилна маса (со оглед на гестациската старост) поврзана е со зголемен ризик од алергија на храна и егзема во детството, објавија научниците од Универзитетот во Аделаида.

    Резултатите кои се објавени во магазинот  Journal of Allergy and Clinical Immunology се базирани на примерок од 15.000 деца.

    Секое зголемување на породилната маса за еден килограм кај децата од иста гестациска старост е поврзано со 44% поголем ризик од алергија на храна и 17% поголем ризик за егзема.

    Истражувачите додаваат дека новите наоди се потврда на важното влијание на факторите кои не се поврзани со генетското наследство.