ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Науката докажа: Кога децата одат порано во кревет мајките се посреќни
    Науката докажа: Кога децата одат порано во кревет мајките се посреќни

    Науката докажа: Кога децата одат порано во кревет мајките се посреќни

    Сите ние се водиме од советите на лекарите дека малечките треба да одат порано на спиење, меѓутоа, ретко кој од нас се придржува кон тоа. Пробајте да направите рутина која ќе им послужи не само на малечките, туку и Вам.

    Мајката на четири деца Мелиса Вилетс е позната помеѓу родителите во светот бидејќи на својот популарен блог “Your Modern Family” ги споделува своите секојдневни мајчински проблеми.

    Еден од нејзините блогови “Моите деца одат во кревет во 19 часот“ привлече внимание на многу родители, а многу мајки и татковци не се сложија со нејзиниот став. Меѓутоа, познатата блогерка својата теорија ја поткрепи со научно истражување:

    “Многумина ќе помислат дека сум луда (или генијалец), но сите мои деца се веќе пред дваесет часот во кревет. Не само што потполно се согласувам со препораките од докторите дека на децата им е потребен адекватен сон за да бидат поздрави и посреќни, туку освен тоа сакам да го вреднувам и своето време, без децата.

    Науката го поддржа она во што верувам веќе долго: кога децата одат порано во кревет, мајките се посреќни.

    Австралиската студија повеќе од десет години набљудуваше илјада деца. Истражувачите на секои две години спроведуваа интервјуа како би ги процениле фамилиите, нивното ментално здравје и навиките на спиење. Не само што малечките кои пред 19:30 одат во кревет се многу поздрави и водат поквалитетен живот, туку истото важи и за нивните мајки.

    Дали е тоа затоа што нивните мајки сега имаат повеќе време да прават работи кои ги сакаат, да речеме да испијат чаша вино или да поразговараат со луѓето кои имаат доволно години за да не се полеат со чаша вода додека ја пијат? Тоа е барем моја претпоставка.

     

    Во меѓувреме, доколку Вашите деца не одат на спиење порано, ќе Ви биде многу тешко да им наметнете нов распоред. Во суштина, поентата е да воспоставите рутина на која децата ќе се држат секојдневно.

    Доколку веќе имате одредена рутина на која сте навикнати, но е многу подоцна од колку што сакате, пробајте секој ден да го поместувате одењето во кревет за петнаесет минути или половина час. За неколку дена ќе забележите позитивни промени како кај децата, така и кај себе.