ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Навикнување на нокшир на поинаков начин
    Навикнување на нокшир на поинаков начин

    Навикнување на нокшир на поинаков начин

    Многу е важно на кој начин зборувате со детето во периодот кога се одвикнува од пелени – во тоа се крие клучот на успехот.

    Се прашувате постои ли тајна за успешно и безбедно прилагодување на нокширот? Постои и е многу едноставна. Аманда Џенер, основач на Академијата за успешно одвикнување од пелени, тврди дека клучот е во способноста да гледате низ очите на вашето дете. Доколку кон одвикнувањето од пелени пристапите на начин кој на вашето дете ќе му биде забавен и кој ќе го држи мотивирано, целиот процес ќе му биде како игра и резултатите нема да изостанат. Аманда смета дека наградувањето е од клучно значење во навикнување на нокширот, затоа што сите сакаме да не пофалат  и да добиеме нешто како награда за добро завршената работа.

    Меѓутоа, како вашето дете ќе расте, така изговорените фрази како: браво одлично тоа си го направил, веќе нема да бидат доволни. Тогаш е време да воведете неделна табела на награди, со налепници за секоја победа. Често мотивирајте го детето и трудете се да звучите позитивно  и да го гледате во очи кога му зборувате. Зборовите со кои ќе го пофалите мора да се едноставни и ефектни. Еве на кој начин може да зборувате за детето да ве разбере, да му бидете интересни и да го поттикнете…

    Како да почнете

    Тоа утро кога ќе одлучите да почнете со тренингот, дајте му на детето само да ја извади пелената и да ја фрли во канта. Кажете: одлично го направи тоа! Сега си големо дете кое само може да ја фрли пелената. Ти благодарам. Потоа дајте му да си избере гаќички кои ќе ги носи тој ден и потсетете го дека сега е големо.

    Поттикнете го само да ги облече гаќичките. Потоа кажете му да ви покаже каде е неговото нокширче и прашајте го дали сака да седне на него. Ако одбие, потсетете го на таблата со налепници или прочитајте му книга за одвикнување од пелени. Кога ќе седне, дајте му налепница и многу пофалете го. За почеток, половина битка е добиена ако вашето дете седне на нокшир и многу е важно да го наградите за тоа. Детето ваквиот настан ќе го поврзува со позитивни емоции.

    Кога ќе почнете со одвикнување, вашите очи мора да го пратат детето за да го препознаете моментот кога ќе “загусти” – ако почне да скока или да се фаќа за пантолоните, сигурно му се мочка, а ако се скрие и се смири – можеби е време за какање. Секои 20-30 минути прашувајте го дали сака да седне на нокшир, односно дали му се мочка или кака, или ако ги забележите знаците побрзајте да го ставите на нокшир.

    Како да се однесувате ако се случи “незгода”

    Незгодите секако ќе се случат. Немојте да бидете строги спрема вашето дете, смирено објаснете му дека каката и мочкањето не треба да одат во гаќичките. Вашето дете ќе сфати дека е во ред некогаш да му се случи незгода, но вие истакнете и дека вашите очекувања се дека тоа треба да знае и да научи како треба да се однесува со тој проблем.

    Ако забележите дека вашето дете многу се вознемирило што му се случила незгода, погалете го и објаснете му дека е во ред понекогаш да се случи незгода, но следниот пат да проба тоа што ќе го измочка или искака да биде во нокширче (или WC шоља). Важно е детето да не се исплаши затоа што тоа може негативно да делува за понатамошното одвикнување.

    Корисни фрази за мотивирање

    -Дали слушам дека доаѓа каката? Сигурно е време да седнеш на нокшир.

    -Слушнав дека твоето нокширче е магично. Ајде седни на него и да пробаме.

    -Ти сега си големо дете ако имаш нокшир

    -Немој да заборавиш да и кажеш на мама кога ќе ти се мочка. Тоа мама ја прави многу среќна.

    -Изгледаш како суперхерој во новите гаќички за големи момчиња.

    -Дали е време за мочкање или за какање?

    Наградете го успехот

    Кога вашето дете прв пат ќе се измочка или искака во нокшир, пофалете го многу и кажете: браво, сега мама е многу среќна. Дајте му налепница, испразнете ја содржината во тоалетот и покажете му каде тоа оди и мавнете “па-па” и пуштете вода.

    Што може да кажете кога детето ќе се потруди, но успехот го нема

    -Каков суперхерој си ти што денес се потруди толку многу!

    -Нема проблем, утре пак ќе пробаме. Сигурно ќе успееш.

    -Многу сум горда на тебе затоа што се трудиш.

    -Упс! Каката не оди во твоите гаќички, ајде да ја префрлиме таму каде што и е место, во нокширче.

    Пребројување на медалите

    На крајот на денот наредете ги медалите на под и пребројте ги, кажете дека сте многу горди што успеало да собере толку налепници и дека утре ќе собере уште повеќе.

    Пофалете го и ако не успее да земе ни една награда и кажете дека знаете дека утре ќе се труди многу и ќе освои награда – налепница.

    Детето ќе почне да го разбира системот на наградување и тоа ќе го мотивира.

    После пет дена наградување и фалење, голема е можноста детето само да дојде до вас и да побара да седне на нокшир затоа што му се мочка. Ако тоа не се случи, продолжете да го мотивирате. Клучот на успехот е во упорноста.

    Што да кажете кога ќе успее

    -Колку си паметен! Многу е убаво што мочкаше во нокшир

    -Имаш толку многу налепници. Секоја чест!

    -Три пати ура: ура, ура, ура! Успеа да какаш во нокшир!

    -Браво! Сега си големо момче/девојче.

    -Успеа! Ти си нашиот победник!