Не ги губете нервите, НИКОГАШ!
Во ситуации кога децата “ќе ве извадат од памет” ви се чини дека секоја нивна постапка е претходно смислена само за да ве изнервираат. Овие 10 работи ќе ви помогнат да останете по смирени, да поставите здрава граница и да не дојдете до искушение да викате на цел глас.
1.Дишете длабоко
Го замоливте вашете дете да ги собере расфрлените играчки преку кои се сопнувате пред да оди да спие. После 10 минути, повторно влегувате во соба и го гледате истиот неред. Се чувствувате како ве преплавува бес и сакате да викате на цел глас. Пред да изгубите контрола, излезете од соба на неколку минути, затворете ги очите и издишете длабоко неколку пати.
Вдишете, издишете, вдишете, издишете.. Повторувајте го толку колку што ви е неопходно. Понекогаш е доволно само неколку длабоки вдишувања да се потсмирите.
Смирете се и со одбрани зборови кажете го она што го мислите. Ќе биде многу поефективно од високиот тон на кои децата често не реагираат онака како што очекувате вие.
2. Избегнувајте казна
Кога го учите детето да вози точак, дали го казнувате ако не успее од прва? Секако дека не. Охрабрувајте го, подржувајте го и дајте му совет како да вежба. Психолозте трвдат дека исто така треба да биде и со воспитувањето.
Доколку детето си игра и во текот на играта удира друго дете или пак се однесува лошо спрема истото, најлесно е да викате. Меѓутоа, треба да им дадете шанса и стрпливо да му објасните дека удирањето на други деца е недозволиво и е многу лошо однесување, посебно кога истото е без причина.
3. Бидете добар пример
Децата учат по модел кој вие го прикажувате односно начинот на кој реагирате кога сте љути и нервозни. Во таков случај многу е важно да покажете разбирање, почитување и пред се смиреност. Научете ги кои се подледиците на лошото однесување, а во некои ситуации понудете им можност за избор. Децата сакаат да се чувствуваат рамноправни и да учествуваат во донесување на одредени одлуки. Секако, не треба да им давате премногу опции бидејќи од понудените треба да водат кон она што ќе ви одговара на вас.
4. Говорите смирено и строго
Наместо да викате, користете тивок или строг тон и прецизно усмерете го детете во “зелениот” правец. Кога говорите на тој начин, децата едноставно ќе слушаат. Во тој случај ќе станат подисциплинирани и нема да мора да го губите гласот од викање.
5. Смирете ги
Пред да изгубите контрола, пробајте да сфатите што е причината за лошото однесување на вашето дете. Најчесто причини за тоа се зошто не знаат на прав начин да ја изразат емоцијата, затоа тоа претставува задача на родителот да им покаже како да истуркаат или на кој начин да ги искажат своите чувства, желби или потреби.
Доколку некое дете ги сруши сите коцки, тоа ќе посака да ги удри. Пред да почнете да викате “ Нее, тоа не смее да се прави! Престани!” потребно е самите да ја сочувате смиреноста и да му објасните на вашето дете дека тоа не е во ред и дека лутината не треба да ја изрази на таков начин да удира по работите.
6. Почитувајте ги сопствените правила
“ Ева, исклучи го телевизорот и дојди да јадеш!” 5 минути покасно – “ Ева, исклучи го телевизорот и дојди да јадеш, или нема да искочиш надвор!”, 5 минути покасно, Ева и понатаму седи пред телевизорот “ Eва не се шегувам навистина ќе бидеш казнета!” Ваквиот начин на комуникација само ќе ве фрустрира, а детето со тек на време ќе почне и се помалку сериозно да ве разбира.
Затоа, ако одлучите да престанете да викате после казната за недозволено однесување, тогаш потрудете се својот збор и да го одржите. Почитувајте ги правилата кои ги поставувате и бидете доследни на истите.
7. Пофалете ги кога се добри
На децата им влијае вниманието од родителите, независно дали е добро или лошо однесување. Затоа, доколку викате на нив и им се заканувате во празно, тоа и понатаму е некој вид на внимание кое им го давате. Потрдете се наместо тоа да дадете поголемо значење на доброто однесување, не само тогаш кога нешто е извонредно добро, туку пофалете ги и за однесување кои се само добри. Тоа ќе го потсетува вашето дете да го повторува истото и со тоа ќе добива поголемо внимание од вас, но овој пат позитивно.
8. Разговарајте што повеќе
Колку повеќе е силна или длабока вашата комуникација со детето, толку полесно ќе биде да спроведете дисциплина.
Посебно во периоди кога се склони да бидат непослушни, тогаш децата имаат и најголема потреба да бидат блиски со вас. Затoa докажано е дека децата кои имаат силна врска со родителите се склони да ја прифатат родителската дисциплина.
9. Поставете се на нивно место
Дали вас ќе ве навреди ако некој ви вика? Секако дека да. Дисциплината која сакате да ја воведете преку викање влијае на самодовербата на децата. Кога вашиот шеф ќе вика на вас, секако дека не се чуствувате убаво и дека не обрнувате доволно внимание на она што го кажал туку на тонот со кој ви ги кажува работите. Истото е и со децата. Целта е да ги научите што е прифатливо и дозволено ,а што не без да викате и да влијаете врз нивната несигурност и осетливост.
10. Кажете “извини”
Понекогаш без оглед на тоа колку се трудите, дишете длабоко и пробајте да ја сочувате смиреноста иако во некои моменти е невозможно да не го подигнете тонот на кој зборите. Тоа најчесто се случува поради одредени ситници, но кога веќе ќе се случи, почекајте да се смири ситуацијата па после тоа објаснете му на детето дека вашата реакција не била на место, но дека ви смета тоа што не ве слуша. Направете договор кој ќе го почитувате и вие и тие – повеќе внимание, слушање и почитување.