
Не гледајте ме како да сум најлоша мајка: -Ги погазив принципите на родителството, но не се каам поради тоа!
Како и сите ние и таа имала одредени принципи на родителство – се додека навистина не станала мајка.
“Во периодот пред да станам мајка, постојано ги надгледував своите пријатели кои имаат деца и постојано наоѓав забелешки и ги гледав нивните грешки (грешки по мои стандарди) и си велев дека јас еден ден кога ќе станам мајка никогаш нема да го правам тоа.
“Еве што се погазив од своите принципи откако станав родител, а помината е само година дена:
– Моите деца нема да спијат во кревет со мене
Тоа правило го погазив веднаш. Бебето уште во првите неколку дена го фати маката со грчеви и ни беше многу полесно доколку бебето спие со нас. Тоа сега има година и неколку месец, ноќта заспива во својот кревет но утрото е со нас во кревет. Како?
Во некој момент во текот на ноќта (и тоа 99% од случаевите) почнува да плаче во сонот, во тој момент сопругот и јас го преместуваме кај нас во кревет. Тој е мало човече кое е зависно од човечки допир и во тој момент бара да го држиме за рака, или пак тој да ја мази нашата рака додека спие..Да. Нема ништо по слатко од тоа наутро да стане весело и да ни скока по главата. За мазењето помеѓу тоа да не зборуваме.
– Никогаш нема да му зборувам на моето дете само во суперлативи
Неодамна читав во некои текстови во кои се тврди дека детето на кое му зборувате убаво, потоа ќе стане површно, опседнато со изгледот, ќе мисли се е во изгледот и така натаму.
Мене секогаш ми зборувале дека сум убава па не сум површна….
Тешко дека сум опседната со изгледот, знам да излезам од дома облечена како кловн-значи не.
Детето ќе биде површно доколку вие го научите на тоа, а тоа секако не е поврзано со комплиментите.Комплиментите се дури и пожелни, тука се да ја подигнат самодовербата. Не можам да не му кажам дека е убав кога е најубав. Мене ми е најубав.
– Нема да поставувам фотографии од своето дете на Фејсбук и Инстаграм
На инстаграм имам дури и единствен хаштаг за него. На Фејсбук многу помалку споделувам фотографии. Секако двата профила се приватни и достапни само на луѓе кои лично ги познавам, со тоа не би се играла никогаш.
И да, не поставувам 30 фотографии дневно. Не би сакала да ги гушам луѓето, како што не сакам некој мене да ме гуши.