• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Не го бакнувајте бебето во лице и раце
Не го бакнувајте бебето во лице и раце

Не го бакнувајте бебето во лице и раце

Веројатно се случило дека кога ќе дојдете на некој собир со Вашето бебе, сите доаѓаат околу него. Го пипкаат и бакнуваат на лицето и рацете, кои тоа потоа ги става во устата.

Некои дури им го земаат прстето и го ставаат во устата или ги туркаат своите прсти во устата на бебето. Обидете се дискретно да ги отргнете да не го прават тоа. Ако не ве послушаат, ви останува само да ги предупредите директно за нивното однесување, затоа што имунолошкиот систем на бебето не е развиен, така што тоа може да направи да му пренесат различни инфекции, а вие ќе бидете тие кои ќе мора да го носат по лекари.

 

Педијатар Роуз Бајиќ изјави дека бебињата не треба да се бакнувааат во никој случај, дури и во задниот дел од главата и нозете, а ако сакате да го земете во раце претходно задолжително измијте ги рацете.

– Никој не треба да го бакнува бебето освен мајката. Само со нејзината кожа е бебето во секојдневниот контакт.

 

Секој од нас има на усните бактерии и плунка која содржи до 500 различни видови на бактерии кои можат на незрелиот имунолошки систем на бебето да му направат различни компликации. Најобично лабело или руж може да предизвика црвенило и осип на нежната бебешка кожа, бидејќи бебето може да биде алергично на некои од нивните компоненти. Особено, не бакнувајте го бебето на лицето и рацете, бидејќи тие секогаш ги чуваат во устата и бидете сигурни дека нивните раце се секогаш чисти – советува педијатарот.