ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  НЕ најчесто НЕ помага
    НЕ најчесто НЕ помага

    НЕ најчесто НЕ помага

    НЕ најчесто НЕ помага

    Некогаш одамна едно родителско НЕ било доволно детето да се смири и да престане да прави нешто што не е дозволено. Денешните деца не реагираат баш така. Колку почесто и погласно изговарате некаква забрана кон детето, тоа се помалку ќе имате влијание врз однесувањето на детето. Воспитувањето на детето е убаво, инспиративноно но во исто време фрустрирачки, бидејќи е тешко постојано да ги држите под контрола.

    NE

    Секако дека на секој родител инстиктивно му доаѓа да изговори НЕ, на пример, “НЕ на улица”,“НЕ си играј со струја”, “НЕ го бои ѕидот”, бидејќи во такви ситуација неjчесто родителите немаат време да зборуваат промислено или пак да бираат зборови, но затоа родителите имаат голем број на прилики каде треба да употребат повеќе мудрости.

    Истрчувањето на улица е потенцијално опасно по животот на детето, па едно НЕ, посебно доколку неколку пати претходно сте предупредиле дека тоа е лошо, може и да стигне до детето и да ве послуша,  но затоа детето нема да ве слуша кога ќе сака да се закачка со своето братче. 

    Во ситуации кои не се опасни по животот и здравјето на детето гледајте да не го употребувате зборот НЕ. Фокусирајте се на однесувањето кое сакате да го поттикнете или дадете забрана на начин на кој детето не очекува. Па така, наместо “НЕ гази во калта”, изговорете “Назад”. Наместо “НЕ брзај” речете му на вашето дете, “Побавно”.

    NE

    Новиот начин на комуникација секако дека нема да можете да го воведете преку ноќ. Ви треба многу труд но и начин кој ќе ви помогне да го заборави детето претходниот начин на комуникација. Пробајте прво зборовите да ги изговорите во себе а  потоа на детето, се додека не станете свесни што изговарате и на каков начин го правите тоа. Со тек на време и вашето дете ќе се навикне на новиот начин на комуникација па вашето дете ќе биде се по послушно од претходно, а зборот НЕ скоро и ќе исчезне од вашиот вокабулар.