• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Внесете радост во домот и изнанедете ги своите малечки! Кажете ДА, за здрава и домашна НУТЕЛА!
Внесете радост во домот и изнанедете ги своите малечки! Кажете ДА

Внесете радост во домот и изнанедете ги своите малечки! Кажете ДА, за здрава и домашна НУТЕЛА!

За да направите домашна Нутела која сме сигурни дека ќе ја обожаваат вашите малечки потребно е:

1 шоља лешници (по можност домашни, органски)

2 лажици маслиново масло

1 млечно чоколадо (од било кој бренд)

3 лажици шеќер во прав

1 лажица какао во прав

3/4 лажичка сол

1/2 лажица екстракт од ванила

Припрема:

Рерната се загрева на 180 степени. Лешниците се потпекуваат на хартија за печење околи 10 минути. Ќе знаете дека е доволно штом добијат златна боја. Потоа, отстранете ја секоја лушпа од лешниците и почекајте целосно да се изладат. Во меѓувреме ставете го млечното чоколадо на пареа. Штом се стопи оставете го да се олади.

Штом бидат оладени лешниците почнете со блендирање. Најпрво ставете ги лешниците, потоа додадете го маслиновото масло, какаото во прав, шеќерот, ванилата и на крај солта. Блендирајте, се додека не добиете течна смеса, а веднаш потоа додадете го и чоколадото.

Вака приготвената смеса ја оставате целосно да се олади. Штом ја достигнете посакуваната температура, фрлете се на јадење. 

Во продолжение ви нудиме неколку слични рецепти за правење на домашна Нутела. Погледнте ги одберете која е вистинската за вас!

 

Совет: Приготвената домашна и здрава Нутела, може да ја искористите за домашни кифлички, палачинки или едноставно намачкано на парче леб. Која и варијанта да ја одберете, нема да погрешите! Уживајте.

.