Не срамете се од своето тело по породувањето! Прочитајте!
Ви подготвивме еден убав текст за да ви кажеме колку сте прекрасни, баш такви какви што сте. Не паѓајте во очај поради промената на вашето тело и вишокот килограми по породувањето. Сето тоа ќе го снема со тек на време.
Засакајте го своето тело такво какво што е, така многу повеќе ќе го сакате и своето бебе а и вашето опкружување ќе ве сака уште повеќе, оставете позитивната енергија да биде над се!
Што вели една мајка после породувањето?!
Нема да лажам, првиот пат кога го погледнав своето тело после породувањето, тотално излудев.
Мојот стомак беше целиот виснат, мислам дека ги допираше моите бутини. Моите стрии беа црвени, исти како и додека бебето беше сеуште во мојот стомак. Целулитот на моите бутови никогаш претходно не бил поприсутен. Едноставно кажано, бев ужасната од себеси.
Мора да признаам дека многу им верував на советите кои ги читав од магазините дека е возможно за само неколку дена од породувањето да се вратам во одлична форма. Но гледајќи се себеси немав надеж за промена.
Пред 10 години на социјалните мрежи не беше секојдневие да се видат слики од мајки по породувањето. Колку што ваквите фотографии можат да предизвикаат незадоволство, стрес, згрозување односно негативни коментари, сепак од друга страна може да претставуваа позитивност бидејќи ја прикажуваат реалноста. Тоа се искуства на многу мајки ширум светот, совети кои може да ги добиете на теми кои се исклучително важни за идните мајки. На тој начин мајките ќе се чуствуваат посигурни, дека едноставно не се сами во сето тоа и се помалку ќе се срамат од себеси.
Ова го пишувам баш од таа причина, колку бев воодушевена кога на инстаграм видов дека постојат кампањи #celebrating my postparum. Првиот # го започна Hayley Garnett, фотограф и мајка на три дечиња. Кампањата е толку едноставна и прекрасна, баш и како нејзиниот назив – поставете искрени слики од себе после вашето породување, со цел, мајките да се чувствуваат како божици.
Hayley Garnett, повикува на акција, со самото тоа што објавила своја слика после породувањето и пишала : Денес сум толку многу возбудена што можам со вас да го споделам својот проект кој ќе се занимава со совети за вашето тело после породувањето Така таа започна со сите да ја споделува својата борба и победа која ја имала додека ги раѓала и одгледувала своите деца, едно девојче и две момчиња.
Таа вели, да ги прифатите сите промени не е воопшто лесно, мора да бидете умствено многу јаки. Многу е подобро да се погледнете себеси во огледало а притоа да не сакате да ја свртите главата на другата страна.
Погледнете ги овие прекрасни фотографии од мајки кои ги постираат овие фотографии на инстаграм и се горди на она што го покажуваат.
Одличен пример!