• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Недостатокот на сон му штети на детскиот мозок
Недостатокот на сон му штети на детскиот мозок

Недостатокот на сон му штети на детскиот мозок

Ова е доволна причина да се погрижите Вашето дете да има доволно сон.

Спијат ли Вашите деца доволно? Новото истражување покажа дека одењето на спиење подоцна може да му наштети на детскиот мозок многу повеќе отколку што се мислело до сега.

Истражувачите на Универзитетот во Цирих го проучуваа недостатокот на сон во група од тринаесет деца на возраст од 5 до 12 години. Открија дека децата кои спиеа премалку или имаа испрекинат сон претрпеа разни оштетувања на мозокот и тоа не само на предниот дел заслужен за памтење.

После отспивањето на само пола од потребниот сон во текот на ноќта, децата покажуваат сериозни оштетувања во страничните делови од мозокот одговорни за планирање на движењата, просторното размислување и запазување.

И додека и на децата и на возрасните им треба период на длабок сон како би се опоравиле од тоа што долго останале будни, овие нови откритија се разликуваат од она што веќе сме го знаеле за последиците од недостатокот на сон и како истиот влијае на предните делови на мозокот.

“Процесот на спиење влијае на вијугите на мозокот во детството и спрема тоа влијае и на созревање на мозокот” објаснува авторот на истражувањето Самола Курт и додава како ова истражување покажува зголемена потреба за сон поради задните делови од мозокот кај децата.

Секако, бидејќи истражувањето е спроведено на мал број на деца, потребно е да се спроведат дополнителни истражувања пред да се донесат цврсти заклучоци за тоа како недостатокот на сон влијае на детскиот мозок долгорочно.

Но, во меѓувреме, ваквите и слични истражувања се дефинитивно добра причина за одењето во кревет порано.