• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Нега на бебешката кожа
Нега на бебешката кожа

Нега на бебешката кожа

Нега на бебешката кожа

Поради големата површина и директниот контакт со средината, можноста за појава од разни патолошки промени на кожата е голема. Освен ова, такви промени најлесно се воочуваат, па понекогаш може да ги загрижат новопечените родители.

За да можат родителите брзо да се снајдат, пред се е потребно да знаат како изгледа нормална кожа, како и тоа кои се проблеми можат сами да ги решат и немаат потреба да одат на лекар. Кожата на новороденчето е тенка и мека, непосредно по раѓањето розевкаста. Зависно од зрелоста на детето, може делумно да биде прекриена со бела сиреста содржина, која исчезнува пред терминот за породување. Кај недонесените бебиња, чија кожа е тенка, постои голема количина од овој заштитен слој, додека доносените деца воопшто го немаат. Но, нивната кожа е сува, перутава, често се обновува посебно на дланките и табаните. Бидејќи обновата преку перутење е пролазна појава, после овој период кожата е фина, мека која не побарува никаков посебен пристап.

По раѓањето, многу бебиња имаат модрици на предниот дел или ситни виолетови точкички.

Модриците (хематоми) и точките настануваат поради прскање на крвните капилари и произведува мала количина на крв во кожата, која треба да помине за неколку дена. Но, поради ослободување на црвениот крвен пигмент на хемоглобин, кој се матаболизира во жолт билирубин, може да биде причина за продолжена жолтица. Доколку е потребно, бебето уште во болница ќе добие фототерапија (осветлување на голо тело со плава светлост на одредена телесна должина) која ја ублажува жолтицата.

Макуларен хемангиом е воскуларен невус (проширени крвни садови). Оваа појава е многу честа кај новородените деца, најчесто присутна во постелката, па потао на коренот на косата и очните капаци. На притисок побледува, а се зацрвенува за време на плачење. Најчесто, спонтано исчезнува до крајот на првата година, иако хемангионот може и да трае многу долго.

Причина за ситни бели точки на носот, брадата или образите е запушување на канали на лојни жлезди и нормална појава кај новороденчиња.

Ова би биле најчестите нормални појави по кожата на новородените бебиња, за кои скоро никогаш не е потребен третман од доктор и спонтано исчезнуваат.