ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Нега на новороденче: Кога е бебето спремно за туширање?
    Нега на новороденче: Кога е бебето спремно за туширање?

    Нега на новороденче: Кога е бебето спремно за туширање?

    Нега на новороденче: Кога е бебето спремно за туширање?

    Во текот на првите денови од животот на бебето, додека папочната врвка е свежа, се препорачува “суво туширање”.

    Ако на вашето бебе му падне папочната врвка, потполно е безбедно за туширање. Но, пред да го однесете бебето на туширање, уверете се дека температурата на водата одговара. Според многу препорака за безбедност, температурата на водата би требало да биде помеѓу 32-37 степени. Најдобар начин за да ја проверите температурата на водата е да ставите термометар под површината на водата и измерете. Доколку немате термометар, проверете со својот лакт или зглоб – водата никогаш не треба да биде премногу врела, дури подобро е да биде малку ладна.

    Кога ќе дојде време за прво туширање, постепено спуштајте го бебето и водете сметка млазот вода да не и оди во лицето и главата. Држете мал, сув пешкир блиску до себе, со што ќе го избришете бебето доколку се вознемири ако лицето е мокро или пак сапуница е влезена во очи. Исто така, туширањто не би требало да трае подолго од неколку минути. Внимавајте на бебето и доколку многу плаче, немојте да форсирате. Некои деца, едноставно не уживаат во чувството да се во вода, повеќе сакаат да седат во када.

    Штом проодат, вашето дете е спремно да се тушира без да го држите, но секако мора да бидете до него за да бидете сигурни дека е безбедно. За да го спречите падот, ставете во тушот сисликонска простирка.