Нега на новороденче: Што треба мајките да научат во породилиште
Ви претставуваме список со основните работи во врска со негата на бебето кои мајките треба да го научат во првите денови од родителството.
Пред своето бебе да го однесете дома, важно е да совладате неколку основни работи во врска со неговата нега. Затоа би било добро да ги замолите медицинските сестри во породилиштето да ви помогнат и да ве научат како да се грижите за своето новороденче во првите денови, пишува Health Day.
Еве што, спрема препораката на американското министерство за здравје, секоја мајка би требала да знае пред да го напушти породилиштето:
-да го држи своето бебе, со придржување на вратот,
-да смени пелена,
-да го искапе, облече и да го повие бебето,
-да го нахрани бебето и да му помогне да подригне,
-да го негува папокот,
-да знае да ја негува раната доколку бебето е обрежано,
-да знае да користи пумпица за чистење на носните канали,
-да измери температура,
-да го смири своето бебе.