
Нега на запчиња
Како да го спречам појавувањето на кариес?
Здравата исхрана за време на бременоста и доењето осигурува дека бебешките заби ќе бидат цврсти. Најдобар пијалок за вашето бебе во периодот на раст на забите е мајчиното млеко. При купување пијалоци за бебето, не заборавајте да ја проверите содржината на лактоза, фруктоза и други форми на шеќер. Избегнувајте да им дадете засладен или газиран пијалак, бидејќи може да ја оштети забната глеѓ.
Што не треба да направите:
– Немој да го навикнете бебето да пие засладен напиток пред спиење или во текот на ноќта.
– Никако не го смирувајте или заспивате сo засладен напиток.
– Секогаш барајте лекови без шеќер.
Дали да ги мијам забите на бебето или кога треба да почнам?
Штом израстат првите заби, може да се мијат. Навикнете го бебето за oдржување на хигиена на забите и устата што е можно порано. Купете специјално дизајнирана четка за заби за бебиња. Измијте ги забите на бебето барем еднаш дневно.
Дали да користам паста за заби кога ќе ги мијам забите на моето бебе?
Почекајте со пастата за заби додека бебето не научи да исфрли течност од устата(да плука).
Како да се мијат бебешките заби?
– Земете ја главата на бебето во вашите раце.
– Во почетокот (додека бебето уште нема извадено ниту еден заб), ќе ви биде полесно да користите парче чиста газа завиткана околу вашиот показалец – подоцна користете мала, мека четка за заби.
– Нежно и полека масирајте ги непцата и забите со четка.
– Кога детето ќе порасне и сака само да ги измие забите, дозволете му, но покажетe му како да го прави тоа (нагоре и надолу, не од лево кон десно).
Дали е потребно на бебето да му се даде дополнително флуор во исхраната?
Флуорот навистина помага за зајакнување на забите, но премногу флуорид може да има негативни ефекти – може да предизвика губење на бојата на забите. Најдобро ќе биде да се советувате со својот стоматолог колку флуор треба да му дадете на вашето бебе и на која возраст треба да се почне со тоа.