• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Некои работи можеме да ги научиме само од мајката: 5 лекции за љубовта кои секоја ќерка мора да ги знае
Некои работи можеме да ги научиме само од мајката: 5 лекции за љубовта кои секоја ќерка мора да ги знае

Некои работи можеме да ги научиме само од мајката: 5 лекции за љубовта кои секоја ќерка мора да ги знае

Најдобро се учи од сопствените искуства, но некои лекции мајките мораат да им ги пренесат на своите деца и да им помогнат да се соочат со проблемите во животот.

Мајките имаат повеќе искуство и мудрост кои задолжителни треба да ги пренесат на своите ќерки како тие би биле среќни, задоволни и сигурни во себе. 

Ти си доволна 

Ако постои барем една порака која ќерките треба да ја слушнат од своите мајки тогаш тоа е оваа. Знаејќи дека е доволна, таа секогаш ќе има на ум дека не мора да се менува поради никого за да биде сакана. Научете ја дека оној кој пробува да ја убеди во спротивното, не е вистинска личност за неа и дека оној кој не гледа колку вреди, не заслужува да биде дел од нејзиниот живот.

Почитувањето мора да биде заедничко

Тоа не важи само за љубовта спрема партнерот туку и за љубовта која ја чувствуваме за пријателите и семејството. Самите морате да искажете почитување какво што барате од партнерот.

Никогаш не дозволувај да се изгубиш самата себе во врската

Кога ќе се заљуби, се случува жената да заборави која е таа без својата посилна половина. Сопствените несигурности или врски не смеат да ве спречат да живеете живот каков што посакувате. Затоа научете ја ќерката секогаш да ги задржи своите интереси, пријатели и времето кое ќе го поминува сама, онака како што таа сака.

Влези во врска и остани во неа од вистински причини

Мајките мораат да ги научат своите ќерки дека правата љубов значи приврзаност, несебичност и великодушност. Ако овие квалитети ги нема во врската, не би требала ни да биде во неа. Осаменоста, повторното живеење на минатото, притисоците и заедничките пријатели не се причина со некого да се остане во врска. Немојте да чекате вашата ќерка да доживее непријатности или срцето да и биде скршено како би и го дале овој совет.

И скршеното срце носи лекција од која може нешто да се научи

На ќерките, совет и утеха од мајката никогаш нема да им треба повеќе отколку кога срцето е скршено. Објаснете и дека е во ред да чувствува болка, но и дека прекинувањето на врската може да биде лекција. Кога ќе ја изгуби љубовта, жената може да научи повеќе за самата себе отколку во било која друга ситуација. Начинот на кој ќе го поднесе своето прво раскинување, ќе ги оформи нејзините идни врски на многу силен начин. Тоа ќе ја научи што ќе сака да прифати, што навистина и треба и кога и како треба да се откаже.