Неколку пати имавте спонтан абортус? Што понатаму?
Што значи кога ќе имате повеќе пати спонтан абортус?
Ако до сега ви се случило да имате два или повеќе спонтани абортуси, би требало да знаете дека истото се третира како една врста на не плодност. Затоа е потребно задолжително да направите анализи. Во голем број случаи станува збор за хормонска неправилност. Но, некои од факторите кои можат да влијаат се: вроден деформитет на матката, хормонски неправилности, ниско ниво на прогестерон, проблем со штитната жлезда, шеќерна болест, генетска или хромозонска аномалија, инфекција.
Зошто доаѓа до повторување на спонтани абортуси?
– Генетскиот фактор: хромозонален, пореметување на еден ген, мултифакторен
– Анатомски фактори: вродени или оштетени
– Ендокрилни фактори: слабост на јајцеклетките и жолтото тело, пореметување на машките хормони, пореметување на хормоните на штитната жлезда, дијабетис.
– Инфектни фактори: бактерија, вирус, паразити
– Имунолошки фактори: аутоимуни пореметувања.
Кои тестови треба да се направат?
Хормонски тестови.
Задолжително проверете ја штитната жлезда , со цел да се утврди нивото на прогестерон. Доколку тоа веќе сте го направиле, повторно направете ја истата анализа. Хормоните TSH, T-3, T-4, Prl, 17-OH Prg, тестестерон може да го користите исто за испитување на спонтаниот абортус.
HSG-ХСГ тест
Задолжително направте го ова тестирање. На овој тест се снима внатрешноста на матката и јајцеводите. Преку овој метод се испитуваат каналите на грлото на матката, обликот, големината на матката и колки јајцеводите се проодни. Снимањето на матката и јајцеводите во главно се работи за жени кои имаат проблем со зачнување или со спонтан абортус.
Биопсија
Биопсија на матката е битен преглед. Тоа е интервенција во која се користи хистероскоп кој низ вагината и грлото на матката влегува длабоко во матката.
Тестови хромозони
Нераздвојување на хромозоните се случува дури и во 60 % од спонтаните абортуси и тоа во првте три месеци од бременоста. Во фетусот се наоѓа хромозонална тризономија. Кај три до шест проценти од паровите се јавуваат и некои тешки облици на генетско оболување. Некои од хромозоналните пореметувања се поврзани со годините на мајката, а најчесто станува збор за Данунов синдром.
Имунолошко испитување
Од анализата задолжително направете: лупус антикоагулант антитела, антикардиолипински антитела ( (IgG, IgM) ембриотоксичен фактор и број на тромбоцити.