ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Неколку занимливости за бременоста со близнаци
    Неколку занимливости за бременоста со близнаци

    Неколку занимливости за бременоста со близнаци

    Дали сте знаеле дека шансите да добиете еднојајчани близнаци се 3 до 5 : 1000 а ако сте имале двојајчани близнаци, шансите за повторно да ги добиете се околу 1 : 3000?

    Некои извори наведуваат дека од 1980 година имаме 75% повеќе бремености со близнаци. Бројни се причините за повеќеплодната бременост денес, а еден од нив е дека многу жени го одложуваат мајчинството до доцна репродуктивна возраст па помош бараат во постапката за медицински потпомогнато оплодување, а таквите постапки често резултираат со повеќеплодна бременост.

    Издвојуваме неколку интересни факти за бременоста со близнаци

    -Истражувањата покажуваат дека 10 до 15% од сите едноплодни породувања започнуваат како повеќеплодна бременост, но често еден плод се губи рано во бременоста па тој феномен е познат како “синдром на исчезнувачки близнак” (анг. Vanishing twin syndrome).

    -Основните факти поврзани за близнаците говорат дека близнаците од различен пол се секогаш двојајчани, а еднојајчаните близнаци се секогаш од истиот пол. Се смета дека раѓањето на еднојајчани близнаци е случаен феномен, а на двојајчани – резултат на поголем број на овулации, и дека тие често се раѓаат во семејства во кои, посебно од страната на мајката, веќе имало бременост со близнаци.

    -Шансите да добиете еднојајчани близнаци (се добиваат со оплодување на една јајце клетка со еден сперматозоид, а непосредно после оплодувањето доаѓа до поделба на оплоденото јајце на два еднакви дела) еднакви се на 3 до 5 : 1000.

    -Ако сте имале двојајчани близнаци (се развиваат од две јајце клетки од која секоја е оплодена со друг сперматозоид), шансите за повторно да ги имате се околу 1 : 3000.

    -Повеќе од половина од близнаците се родени пред 37-та недела. Затоа ако носите близнаци, планирајте го своето породилно боледување во согласност со тоа.

    -Близнаците кои се природно зачнати најчести се меѓу афро – американската популација, а потоа кај белците, латиноамериканците и азијатите.

    -Во светот има повеќе близнаци отколку близначки, но оваа статистика се менува во корист на девојките кога се во прашање тројките.

    -Скоро 22% од близнаците се левораки, за разлика од останатиот дел од популацијата, каде што само 10% од луѓето се левораки.

    -За повеќето жени кои се бремени со близнаци, препорачливо е да добијат 10 килограми до 24-та недела од бременоста, а во тек на цела бременост од 15 до 20 килограми.

    -Детето кое се развива поблиску до отворот од матката се нарекува бебе А. Во 75% од случаите, главата на бебето А е свртена спрема доле при раѓањето. Бебето Б може да биде свртено спрема доле или свртено со газето.

    -Иако вагиналното породување е обично прва опција, понекогаш се случува да се заврши со царски рез.

    -Понекогаш бебето А е родено вагинално, а потоа бебето Б со царски рез. Тоа е често случај ако бебето Б е свртено со газето или покажува знаци на стрес поради тоа што поминало повеќе контракции на матката. Во секој случај нема место за грижа, затоа што гинекологот – акушер ќе знае во секој момент што е потребно да превземе.

    -Просечната родилна тежина на близнаците е 2,5 кила за секое, иако едното бебе често е потешко од другото.

    -Новите истражувања покажаа дека мајките кои по природен пат родиле близнаци живеат подолго од другите мајки затоа што генерално телесно се посилни, поздрави и поиздржливи. Тие, исто така, имаат подолг репродуктивен животен век, потребно им е помалку време за опоравување помеѓу бременостите и во просек имаат повеќе деца, тврдат истражувачите од Универзитетот во Јута.