• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Нема поубав мирис од бебешката кожа
Нема поубав мирис од бебешката кожа

Нема поубав мирис од бебешката кожа

Будење во текот на ноќта, солзи и врескања ги одбележуваат првите месеци од мајчинството. Иако тоа може да делува претешко, постои начин да излезете на крај со сето тоа. Истражувањата покажаа дека токму мирисот на детето ги олеснува проблемите кои настануваат на почетокот на мајчинството.

Се смета дека бебето со својот мирис ги привлекува мајките затоа што нивната топлина им е од пресудна важност. Бебешкиот мирис делува и на татковците па тие поради тоа во своето тело лачат пролактин – лактациски хормон, па спремни се повеќе време да посветат на грижата кон своето дете.

Зошто бебињата мирисаат?

За пријатниот мирис на бебињата не се заслужни средствата за нега, туку три работи, а тие се:

-плодовата вода – проѕирна и безбојна течност во која се наоѓаат заштитните масти кои го штитат бебето од влијанието на водата, протеини, јаглехидрати, минерали како што се калиум, калциум и натриум, урина и многу други работи од кои може да се дознаат многу информации како плодот се развива,

-кремасто бели наслаги – се наоѓаат на кожата на бебето додека е во мајчината утроба, корисни поради способноста за задржување на влажноста на кожата,

-видот на прехрана.

Мирисот исчезнува после раѓањето, но присутен е во првите 6 недели. Во тој период бебињата немаат кисел слој на кожата па така се заштитени од микроби. Поради тоа е важно да го минимизирате доаѓањето на гостите во посета на бебето.

Што кажуваат истражувањата?

Истражувачите од Универзитетот во Нагасаки за потребите на истражувањето ги покрија очите на група жени, од кои половина од нив имаа деца. Задачата на групата од 30 жени беше да откријат на кого му припаѓаат мирисите кои ги чувствуваат, на бебиња, на мажи или дека не припаѓаат на никого. Додека тие мирисаа маици, истовремено уредите ги пратеа нивните префронтални кортекси, деловите од мозокот кои се задолжени за рационално размислување. Кога пред мајките се наоѓаше облека која им припаѓа на бебињата, во нивната мозочна активност забележани се значајни промени, а освен тоа со леснотија погодуваа за чија облека станува збор. Кај жените кои не се мајки не е забележана значајна промена во активноста на мозокот. На основа на тоа истражувачите заклучија дека после породувањето во човечките битиа доаѓа до големи промени. Така е потврдено она што  е познато веќе долго време, а тоа е дека мирисот и контактот со бебе позитивно влијае на мајките.

Бебешката кожа, румените образи, големите очи, но и бебешките звуци се уште некои од причините зошто бебињата толку не привлекуваат и поради што се создава подобар контакт помеѓу родителите и децата.

Значи физичкиот контакт е важен за емоционалниот развој на детето, а токму природата е таа која ни овозможила инстинктивно да бидеме приврзани со своите деца.